Post Views: 4
Годинава по петнаесетти пат истражувачите од Македонија, Србија и Франција се сретнаа на преспанскиот остров Голем Град за да продолжат со следење на популацијата на шумски желки, рибарки и поскоци.
Првата сесија се случи во мај а истражувањата продолжуваат и во јули и август. Ваквиот тип на долгогодишни истражувања и бази на податоци ни помагаат да сведочиме и опишеме бројни еколошки и еволутивни феномени.
Годинава МЕД и официјално беше дел од истражувачкиот тим и доби поддршка од фондациите Prespa Ohrid Nature Trust – PONT ПОНТ и AAGE V JENSEN NATURFOND Јенсен...
Post Views: 1
Селото Куратица нуди одлични можности за развој на алтернативниот туризам. Одалечено на 22 километри од Охрид во прекрасните предели на подножјето на Мазатар, утре ова село ќе ги пречека сите љубители на велосипедот, посебно планинскиот, кој е полн со предизвици. Претседателот на МЗ Куратица, Горан Ангелоски вели дека како и минатите години и оваа година очекуваат голем одзив од сите заинтересирани велосипедисти и рекреативци кои во текот на утрешниот ден од 10 и 30 до 11 и 30 часот можат да се пријават за учество на државниот натпревар.
„Целта е што поголемо промовирање...
Post Views: 0
Најавени проекти и цели со кои ќе се подига безбедноста и културата на сите учесници во сообраќајот во Охрид, на првата конститутивна седница на Советот за Безбедност во нов состав. За таа цел ќе соработуваат со сите институции со СВР Охрид, со ОО Црвен крст, пензионерските здруженија, предшколски установи и општинските образовни инстиуции, за да се влијае врз безбедноста во сообраќајот, кажа претседателот на општинскиот совет за безбедност Стефан Димоски.
„ Основната интенција на општинскиот совет е со сите сили да се вложи во што поголема безбедност на охриѓани,...
Post Views: 1
Во првите месеци од излегувањето на Facebook на берза, кога цената на акцијата падна под 20 долари, некои аналитичари веќе го отфрлија Zuckrberg и неговата социјална мрежа, а во исто време акционерите одлучија да поднесат тужби против основачот на компанијата. Тие тешки времиња се зад Zuckerberg кој на крајот на 2014 година има “милијарди” причини за задоволство, а една од причините е и цената на акцијата, односно вредноста на неговата компанија која вчера достигна најголема вредност од излегувањето на берза. Спрема информациите на Yahoo Finance цената на акцијата на...
Post Views: 1
Угостителите кои гравитираат на улицата „Коста Абраш“ во непосредна близина на кејот, не смеат да поставуваат урбана опрема на тротоарот, во периодот од 5 часот наутро до 20 часот навечер.
Но и после 10 дена по стапувањето на сила на летниот режим на сообраќај, а со кој е регулирано поставувањето на урбана опрема на овој потег, масите и столиците не се поместени. Портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски потенцира дека согласно одлуката на Советот на општината за летниот режим на сообраќај, урбана опрема може да се поставува, но во периодот од 20 часот навечер до 5...
Post Views: 3
Струшките риболовци се поретко ја среќаваат јагулата во водите на реката Црн Дрим. Тие стравуваат дека може да се случи овој вид засекогаш да исчезне, доколку не се изврши порубување со јагула, вели претседателот на концесионерот на „Пастрмка“ Црн Дрим 1, Емил Матоски.
„Имам информација дека последниве 5 години не се врши порибување со јагула, имало некој законски проблем, незнам точно зошто…треба да се обратите на друго место…интересна тема, не можело да се оберзбеди количина за порибување во последниве 5 години. Знаеме дека јагулата сама не може да се...
Post Views: 2
На медиумскиот гигант Си Ен Ен, почнувајќи од денес па се до 19-ти овој месец, економските, политичките и културните збиднувања во нашата земја, ќе бидат само некои од темите за кои ќе стане збор во серијалот специјални емисии насловени како Aj Он.
Реновираниот аеродором Александар Велики, Проектот Скопје 2014, пејачката и хуманистка Есма Реџепова, режисерот Милчо Манчевски, компанијата за специјални филмски ефекти Еф-Икс-3 Икс, се само некои од темите за кои Си-Ен-Ен ќе известува во својот серијал получасовни емисии насловен како eye On. Образовниот систем и невработеноста...
Post Views: 7
Скоро три години пештанци чекаат на донесување на Деталниот урбанистички план за нивната населба. Пештани е урбанизирана населба од 1958 година и засега инфраструктурните и градежните зафати се прават по стариот план, велат жителите. Сметаат дека новиот детален урбанистички план е од суштинско значење. Со него ќе им ги олесни моменталните наталожени урбанистички проблеми, вели претседателот на месната заедница од Пештани, Драган Тренески. Некои луѓе чекаат на изградба на приватни станбени објекти, за решавање на меѓусебните спорови со цел да се има појасна слика,...
Post Views: 2
На денешен ден пред 69 години, на 11 Октомври 1941 година, во Прилеп и Куманово со првите партизански истрели на македонскиот народ и народностите се дигна сенародното востание против фашистичкиот окупатор. Тоа беше пресвртница во македонската историја, од искра прерасна во оган, од кој бликна верба во успехот на вооруженото востание за социјална и национална слобода истакна од Струга, претседателот на Сојузот на борци, Ајредин Мемеди.Покрај потсетувањето за овој значаен датум од македонската историја, неколку делагации од општествениот и политичкиот живот на Струга...
Post Views: 1
„Лето без пожари“ е мотото под кое СВР Охрид отпочнува со реализација на низа зајакнати мерки од превентивен но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари.
Во таа насока, СВР Охрид, најнапред ќе отпочне со серија средби со граѓаните на целото подрачје. Полициски службеници од отсекот за превенција ќе имаат работни средби со претставници од сите месни заедници во општината Дебарца на теми од превентивното делување за заштита од пожари на отворен простор, јакнење на свеста за заштита од пожари и информирање на населението....
Post Views: 4
Како резултат на меѓусебната успешна соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски’’ во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид за група заинтересирани ученици беше организирано едукативно предавање под наслов: ,,Битово – социјални драми со мотиви од печалбарскиот живот“.
Во предавањето беа опфатени познатите македонски автори Антон Панов и Ристо Крле кои имаат посебно историско и национално значење како личности заслужни за развојот и континуитетот на македонската литература и македонскиот театар на чии сцени биле и се поставувани овие битови драми.
Предавањето го подготови...
Post Views: 8
Стратегијата за долгорочен развој на туризмот прескапа за општина Охрид. Овој исклучително важен документ се најавува неколку години наназад, но барем досега истиот не е изработен. Според градоначалникот Никола Бакрачески, ова бил еден од приоритетите на локалната поставени уште на почетокот на мандатот, но досега ниту една институција од Македонија не пројавила интерес и желба да ја изработи стратегијата. Во преговори со неколку странски консултантски куќи пак, референтната цена која локалната ја добила за изработка на стратегијата ги надминувала можностите на општинскиот...