Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во посета на Градската Библиотека

Како резултат на меѓусебната успешна соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски’’ во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид за група заинтересирани ученици беше организирано едукативно предавање под наслов: ,,Битово – социјални драми со мотиви од печалбарскиот живот“.

 |   | 

Како резултат на меѓусебната успешна соработка со ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски’’ во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид за група заинтересирани ученици беше организирано едукативно предавање под наслов: ,,Битово – социјални драми со мотиви од печалбарскиот живот“.

Во предавањето беа опфатени познатите македонски автори Антон Панов и Ристо Крле кои имаат посебно историско и национално значење како личности заслужни за развојот и континуитетот на македонската литература и македонскиот театар на чии сцени биле и се поставувани овие битови драми.

Предавањето го подготови и одржа библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска, а беше наменето за дел од учениците од III-1 и III-2 клас под менторство на професорката Ирена Ралева- Најдевска.

Акцентот беше ставен на печалбарството како мотив, односно на односот на ликовите спрема печалбарството.

Конкретно во ,,Печалбари’’ од Антон Панов, Костадин е лик кој е претставник на новите сфаќања и е против печалбарството, а од друга страна пак, Ангеле како лик во ,,Парите се отепувачка” од Ристо Крле, ја прифаќа печалбата како нужност за понатамошно опстојување на семејството.

Библиотекарот Христина Трпеска ги запозна учениците со начинот на работа во нашата Установа. Им беше презентиран начинот на одржување и збогатување на библиотечниот фонд, а учениците во придружба на библиотекарот Владимир Куциноски направија и разглед на двете крила на библиотеката – велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“.

За време на посетата на учениците на Библиотеката беа испочитувани сите здравствени Ковид -19 мерки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top