Пештанци за да градат го чекаат ДУП-от за нивната населба

Пештанци за да градат го чекаат  ДУП-от  за нивната населба.

 |  Валентина Неловска  | 

пештаниСкоро три години пештанци  чекаат на донесување на Деталниот урбанистички план за нивната населба. Пештани е урбанизирана населба од 1958 година и засега инфраструктурните и градежните зафати се прават по стариот план, велат жителите. Сметаат дека новиот детален урбанистички план  е од суштинско значење. Со него  ќе им ги олесни моменталните наталожени  урбанистички  проблеми, вели претседателот на месната заедница од Пештани, Драган Тренески. Некои луѓе чекаат на изградба на приватни станбени објекти, за решавање на меѓусебните спорови со цел  да се има појасна слика, додава Тренески.  

„ Самo урбанистиички план би ги решиле наталожените проблеми. Луѓето ќе можат д адојдатѕ до своите  имоти домови, одредени семејства кои имаат спорови ќе ја расчистат фактичката состојба како што е и како што стопанисувале и живееле во минатото. Со авионското снимање многу домови се доведени до заблуда и водат меѓусебни спорови. Тие  проблеми  би се надминале со Деталниот урбанистички план“, кажува Тренески.   

пештаниРаководителот на секторот за урбанизам, животно и просторно планирање при Локалната  самоуправа конкретно не кажува  дали до есенва овој план ќе биде донесен и ставен на јавен увид пред пештанци. Само кусо одговори дека веќе од понеделник ќе го дадат на согласност пред ресорното министерство.

„ Точно е дека урбанистичкиот план за селото Пештани е почнат пред неколку години. Истиот е во завршна фаза. Обезбедени се сите мислења и согласности  од потребните институции. Меѓутоа при проверката  пред да го испратиме на согласност во Министерството за транспорт и врски се утврди еден пропуст  од страна на изработувачот. Го вративме на преработка. Вчера бевме известени дека е корегиран и ни е испратен. Ние ќе го доставиме на согласност во Министерството за транспорт и врски,“ вели Арнаудов.    
    
Пештанци имале сериозни приговори на претходно ставенениот ДУП на увид. Жителите во некоја од  претходните  верзии  при  увидот констаирале и  приговарале на состојби кои не соодејствувале со фактичката состојба. Имало преклопување на сопственоста на  дворови и куќи, а не биле запазени  и одредени стандарди за изградбa на куќите, додава Тренески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top