Охридскиот совет за Безбедност ја донесе годишната програма за работа

Охридскиот  совет за Безбедност ја донесе годишната програма за работа .

 |  Валентина Неловска  | 
sob

sobНајавени проекти и цели со кои ќе се  подига безбедноста и културата на сите учесници во сообраќајот во Охрид,  на првата конститутивна седница на Советот за Безбедност во нов состав. За таа цел ќе соработуваат со  сите институции со СВР Охрид, со ОО Црвен крст, пензионерските здруженија, предшколски установи и општинските образовни инстиуции,  за да се влијае врз безбедноста во сообраќајот, кажа претседателот на општинскиот совет за безбедност Стефан Димоски.   

„ Основната интенција на општинскиот совет е со сите сили да се вложи во што поголема безбедност на охриѓани, но и на туристите кои престојуваат во градот за да ја почуствуваат не само убавината, но и безбедноста што владее во Охрид. Тука ќе се  заложиме и максимално ќе ги концентрираме силите и мерките за да се постигне ефект кај сите ученици во сообраќајот,“ напомена новиот претседател на општинскиот Совет за Безбедност.

sobЛокалната самоуправа е главен фактор за соработка со Советот за безбедност. Од Локалната самоуправа ветуваат поддршка во  работата на Советот. Прелдагаат да се санкционираат несовесните учесници, а да се надградуваат позитивните  работи во безбедноста.

„ Очкуваме со посветеност и наша поддршка да се реализираат задачите кои проилзегуваат од Законот за патишта. Важни задачи се поврзани со унапредување на сообраќајното воспитување и образование на учениците во сообраќајот. Развивањето на сообраќајната соработка со сите ученсии и надлежни институции за самозаштит аво областа на сообраќајот“, истакнува и заменикот градоначалник Ангел  Јанев.
Ова беше истакнато на првата конститутативна седница на новиот општински Совет за Безбедност. Ова тело беше избрано на 40 седница на Советот на општина Охрид.   

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top