Post Views: 9
Најновото дело на Јордан Плевнеш претставата „Кирил и Методиј , Who are you?!“ ќе се прикажува премиерно на Охридско лето. Станува збор за претстава која треба да одговори на прашањето кои се браќата Кирил и Методиј. Претставата започнува со мистериозна средба помеѓу бизнисмен и агент, експерт за Кирил и Методиј, кој треба да изработи документарец со одговор на многу прашања. Текстот на претставата „ Кирил и Методиј , Who are you?! “ е на најпознатиот македонски драматург кој започнал да го пишува пред 20 години во Њујорк. Плевнеш вели дека пишувањето на текстот...
Post Views: 3
За православните христијански верници кои се водат според стариот Јулијански календар денеска почнува шестнеделниот Божикен пост.
Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.
Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.
Божикниот пост е втор...
Post Views: 7
По повод манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги известуваме сите православни верници дека на 14 август 2015 година (петок) – вечерта, во манастириот „Свети Стефан“, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот.
На 15 август 2015 година (сабота), во манастирот „Свети Стефан“, ќе се служи света литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, со почеток во 8.30 часот.
По тој повод манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги повикува...
Post Views: 2
„Уште кога бевме мали, мама и тато велеа, учи за да бидеш човек. Јас ги послушав, учев, ама каков човек сум јас без работа“. Ова е девизата која ги повлече младите од Струга да отворат Младински Образовен Форум. Утре, во 18 часот, во општинската сала, тие ќе дискутираат за модерниот проблем на денешницата, а тоа е, како и каде да се детектираат причините за одлив на младите мозоци од Струга. Бранкица Затаракоска координаторот на Младинскиот Образовен Форум вели, дојде време да се чуе гласот на младите околу проблемот со нивното вработување, каде е застојот на ова поле...
Post Views: 1
Оваа година Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија, наречен „Хола Охрид“.
Настанот ќе се одржи во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, во периодот од 21 до 23 август, во хотелот Конгресен Центар, каде своето знаење ќе го пренесат инструктори од Куба и соседните Балкански земји.Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници и танцови забави, водени од вкупно тринаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – десет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи. Артистите доаѓаат од далечната Куба, како и од Србија, Црна...
Post Views: 0
Изгаснат пожар во атарот на селото Опеница кој зафати борова шума на површина од 3 до 4 хектари. Пожарот бил пријавен синоќа во 20 часот од локалното население, а екипите на ЈП Национални шуми самостојно го изгаснале утрово до 9 часот, информира Славчо Голабоски, директор на охридската поддружница. Причина за појава на шумските пожари е човечкиот фактор, напоменува Голабоски.
„Голем дел од пожарите се од невнимание и несовесност на граѓаните, од оставени догорци или отпушоци на цигари кои од високите температури предизвикуваат пожари. Има пожари и кои намерно се подметнуваат...
Post Views: 0
Во рамките на својата меѓународна соработка О.О на Црвениот крст од Охрид преку своите партнерски организации во Холандија реализира донација наменета за потребите на неколку воспитно-образовни институции во Охрид и социјално загрозени семејства во општина Дебарца.
Донацијата, во чија реализација помогнаа Хуманитарната фондација „ Stichting Hulp-Macedonie“ и Мира Милеска од Холандија содржи училишни маси и столови, училишни катедри, шкафови, спортски реквизити, како и половна облека и играчки, кои во текот на наредните неколку денови ќе бидат поделени на соодветните...
Post Views: 1
Опожарен стан на четврти спрат на седмокатницата на Булевар Туристичка на влезот од Охрид, на пладне, предизвика вистинска драма. Пожарот се закануваше да се прошири и на соседните станови, а во вертикала од прбвиот влез од зградта се ширеше густ чад. Станарите од 40 станови од зградата видно беа испаничени и уплашени од експлозија и чад. Слушнале жена со две деца како бараат помош.
На станарите прв на помош им дошол соседот Мугни Шабани Џими како што вели со своите блиски роднини. На четврит спрат каде што избил пожарот забележале мајка и две деца останале заробени...
Post Views: 3
Започна ловната сезона на прелетен дивеч. Охридските ловџии од 1ви август до 31ви октомври ќе можат да ловат прлица потполошка и гулаб. Здружението на ловци- Охрид од Охрид располага со три ловишта и тоа ловиште Белчишта, Мешеишта и Косел. Состојбата со птици во ловиштата е задоволителен. Најмногу има потполошка и прлица. Ловот се врши поединечно и групно, а пред тоа мора да се обезбедат специјални дозволи за лов. Во Охрид се регистрирани 350 ловци. Со Законот за ловство секој ловец мора да има положено ловечки испит за да може да добие дневна дозвола. Голем интерес...
Post Views: 2
Многу лошите метео услови на голема висина на која летал авионот на AirAsia, кој пред една недела се сруши во Јаванското море, биле прекинувачот за несреќата, соопштила индонезијската метеоролошка агенција.
Потрагата по телата и трупот од авионот Airbus A320-200 кој се сруши на 28 декември во Јаванското море со 162 патници и членови на екипажот, влезе во втората недела и ја отежнуваат неповолни метео услови. На екипите приоритет им е да ги пронајдат црните кутии, клучни за откривање на причините за падот на авионот.
“Врз основа на расположивите податоци за последниот...
Post Views: 8
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот очекува позитивен исход од посетата на претставниците на најголемиот и најстар тур-оператор „Томас Кук Груп“, на она што може да го понуди нашата земја од областа на туризмот. Проектите на Владата на РМ во туризмот даваат резултати, вели директорот на агенцијата Христијан Џамбазоски. Пример за тоа е интересот на претставниците на „Томас Кук Груп“ од Англија. Тој нагласи дека континуирано работат на отварање нови туристички пазари, како и тоа дека и понатаму ќе продолжат да даваат поддршка на странски тур оператори, преку...
Post Views: 0
Новата игра на животот, преку балетската претстава “5 до 12“, вечерва на Охридско лето. Првиот сплитски професионален балетски ансамбл при ХНК со балетската претстава “5 до 12” во кореографија на Игор Киров и музика на Кирил Џајковски, ќе гостува во Охрид, на сцената на Долни Сарај во 21 ч. Костимите се на Александар Ношпал. Музичкиот селектор проф. Гордана Јосифова Неделковска, нагласи дека станува збор за атрактивно балетско дело, кое привлече голем интерес кај фестивалската публика, барем според побаувачката на билети.
„Ако минатата година имавме прекрасно...