Човечка драма се случуваше во опожарен стан на Туристичка

Човечка драма се случуваше во опожарен стан на Туристичка.

 |  Валентина Неловска  | 

Опожарен стан на четврти спрат на седмокатницата на Булевар Туристичка на влезот од Охрид, на пладне,  предизвика вистинска драма. Пожарот се закануваше да се прошири и на соседните станови, а во вертикала од прбвиот влез од зградта  се ширеше густ чад.  Станарите од 40 станови од зградата видно беа испаничени и уплашени  од експлозија и чад. Слушнале жена со две деца како бараат помош.

 пожарНа станарите  прв на помош им дошол соседот Мугни Шабани Џими како што вели со своите блиски роднини.  На четврит спрат  каде што избил пожарот забележале мајка и две деца останале заробени на терасата кон кои  се приближувале пламени јазици.

„Тргнавме да спасуваме. Гледав на тераса жена со 2 малетни деца која од паника сакаше да ги фрли од четврти спрат ;децата долу.Ја молевме да не паничи, морав да влезам  нагоре со брат ми и внук ми,  позади нас стигнаа пожарникарите, Ја с не сум од оваа зграда живеам во соседната.Нема  врска ама сакам да кажам дека   јас сум Албанец, ама трчам за соседите Македонци , ние сме луѓе ние трчаме за нив , а тие за нас“, вели Џими.

Противпожарната единица  интервенераше со сите  расположливи пожарникарски  возила и  човечки ресурси. Командирот Спасе Прентоски напоменува дека за среќа пожарот е локализиран, нема човечки жртви и повредени станари и пожарникари. Наведе дека отежнувачка околност при гаснењето бил непристапниот терен затоа што околу згардта има дрва, а зградата нема помошни скали , а не работеле ни хидрантите во  зградата. Потенцира дека тие како противпожарна единица се добро екипирани и опремени.   

пожар„ Ние сме доволно екипирани,  но просторот не дозволуваше да извршиме противпожарна навала од надвор. Мора тактички да настапиме од внатрешноста. На овие згради повисоки од 15 метра им треба противпожарни скали однадвор, гледате сите балкони се претворени во кујни и пристапност нема. Ако одиме со надворешна навала нема каде да ги поставиме скалите“, објаснува за акцијата  Прентоски.  

Во спасувањето на луѓето од зградата во која скоро сите станови се населени се вклучија екипи на брза помош. Скоро 3 часа по Туристичка се слушаа сирените на специјалните возила. Беше евакуирана цела зграда а на  неколку одделенеја во охридската болница завршиле над 10 лица , деца и постари лица кои вдишиле јаглерод моноксид. Опожаренат зграда и станарите ги посети и охридскиот градоначалник кој упати благодарност до сите граѓани и пожарникари кои учествувале во спасување на станарите .

„ Добив информација од раководителот на Брза помош нема серизно повредени или со посериозни последици .Само едно од децата било со мали изгоретини од прв степен ,а две лица инхалирале чад  и се префрлени на одделнеи во општ а болница, “ рече Бакрачески.    

Првичните информации за пожарот се дека станот бил опожарен од експлозија на плинска боца, но крим техника допрва ќе ги утврдува точните причини за пожарот. Но,  се псотавува прашањето зошто виско катниците се градат без помошни скали за вакви случаи, а влезовите на зградите се без хидранти и противпожарни апарати и дали функционира  куќниот совет.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top