Премиерата Кирил и Методиј , Who are you?! ќе се изведува на Охридско лето

Премиерата Кирил и Методиј , Who are you?! ќе се изведува на  Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
pres

Најновото дело на Јордан Плевнеш претставата „Кирил и Методиј , Who are you?!“  ќе се прикажува премиерно на Охридско лето. Станува збор за претстава која треба  да одговори на прашањето кои се  браќата  Кирил и Методиј. Претставата започнува со мистериозна средба помеѓу бизнисмен и агент, експерт за Кирил и Методиј, кој треба да изработи документарец со одговор на многу прашања. Текстот на претставата „ Кирил и Методиј , Who are you?! “ е на најпознатиот македонски драматург кој започнал да го пишува  пред 20 години во Њујорк.  Плевнеш вели дека пишувањето  на  текстот е длабоко поврзан со големиот македонски и охридски писател Живко Чинго, за  кој денес се одбележуваат 8 децении од неговото раѓање.  Текстот носи  една длабока порака.
akteri
„Пиесата ќе им го растајни патот по кој двата светители 1100 години по нивна смрт беа прогласени за заштитници на Европа. Нема друг пример во светската историја на толку големо растојание нивното духовно наследство како носители на цивилизација на љубовта и носталгијата по единството ќе биде презнетиран во пиесата како наследство  на сите 7 милјaрди луѓе на планетат без исклучок“, напоменува Плевнеш.

Режисерот Мартина Кочоски со интернационална екипа на актери, сценограф и костимограф ја донесуваат премиерата  на претставата Кирил и Методиј , Who are you?!  Од драматуршката подлога сфатив дека не се работи за текст кој прави ревизија  на историските факти за Св. Кирил иМетодиј туку е една потрага по ехото на нивните идеи и мисија. Многу ми стана интересно и почна целата одисеја. Заедно со соработниците стигнавме до позитивна форма на која актерите и даваат сила, вели за текстот на претставата режисерот  Мартин Кочоски.   

akteri„ Во основа се работи за претстава во која за прв пат е чувство да не е теоретски и предвреме смислено туку формирано со години. Публиката,   катарзично и емотивно, ќе ја осети цивилизацијата на љубовта и истовремено ќе сфати дека носталгијата по единството, таа голема идеја е базирана на хуманистичките идеи, а  не на политичките“, кажува режисерот Кочоски.
 
Во претставата играат  македонски актери меѓу кои   се Ѓорѓи Јолески, Димитрина Мицкоска, Димитар Црцороски ,Илија Волчески играат и   Атанас Попдимитров од Бугарија и Хриса Јоаниду од Грција. Костимите се на бугарската  костимографка Елена Иванова,  сценографијата Јани Костадиновски Пунтос од Полска, а музиката на Горан Трајковски.   Претставата Кирил и Методиј , Who are you?!  е  копродукциски проект на неколку балкански земји со Охридско лето. Носител на претставата е прилепскиот театар Војдан Чернодрински, а поддржана е од македонското министерство за култура. Претставата ќе се игра утревечер на сцената на Долни Сарај во 21 часот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top