bolnica

Локалната ќе формира посебна комисија која ќе се грижи за заштита на правата на пациентите

Post Views: 7 Советот на општина Охрид ја донесе одлуката за формирање на комисијата за унапредување и заштита на правата на пациентите. Формирањето на оваа комисија е законска обврска на сите локални самоуправи согласно Законот за здравствена заштита. Ова партиципативно тело, ќе биде составено од советници во Советот на општина Охрид, претставници на пациентите-членови  на здруженија на пациенти, лекари кои се пензионирани односно во моментот не извршуваат дејност како и претставници на организации кои делуваат во насока на унапредување на правата на пациентите. „Ќе биде испочитувана...

Continue reading

sofra

Највкусното ѓомлезе и прекрасните охридски кулинарски специјалитети на традиционалната Охридска софра

Post Views: 1 Прекрасните охридски традиционални јадења, предводени од неповторливото ѓомлезе ќе ги предизвикуваат сетилата на посетителите на третата по ред Охридска софра. Традиционално, во прекрасното Скребатно, во недела, ќе се соберат и најдобрите подготвувачи на ѓомлезе кои ќе се обидат да го воодушеват жирито, секој со својот рецепт за овој деликатес. „Оваа година имаме пријавени околу 15ина учесници, ќе видиме до недела можеби бројот ќе се зголеми, интересно е да напоменам дека оваа година имавме интерес и од други градови да се пријавуваат за учество што посебно ме радува...

Continue reading

MI5: “Се планираат големи атентати на Западот”

Post Views: 5 Милитанти на Al Qaeda планираат напади со големи размери на Западот, рекол директорот на MI5 (британската разузнувачка служба). Говорејќи во седиштето на MI5 во Лондон, ден по атентатот направен во Париз на редакцијата на Charlie Hebdo, Andrew Parker рекол дека постои голем ризик од напади кои би можеле да ги направат борците кои се враќаат од Сирија. “Знаеме дека една група од фанатични терористи на Al Qaeda во Сирија планира атентати од широки размери на Западот”, рекол тој и додал дека постои голема веројатност за напади во Велика Британија. Нивните цели се, спрема...

Continue reading

sos

Еко пораки за зачувување на Охридското Езеро преку детски фотографии

Post Views: 6 Силни еко пораки овековечени на фотографии што вредат илјада зборови. Малите основци од „Григор Прличев“ денес со силата на фотографијата и нивната несопирлива креативност испратија порака против бучавата во Охрид, симболично затворајќи ги ушите. Во рамки на интересниот проект „Спасете го Охрид, спасете ја планетата“, дечињата сериозно го сфатиле проблемот за еколошката состојба на езерото и културно-историските споменици. Детските очи уште еднаш покажаа дека гледаат нешта што возрасните не успеваат да ги забележат. Тие сигнализирале за пластичните шишиња во езерото...

Continue reading

Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон

Post Views: 5   Се е подготвено за 29тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Оваа година во неговата организација учествуваа Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Светската пливачка федерација. Општината Охрид втора година по ред е вклучена во оваа најголема спортска манифестација во нашата Република. Голема е одговорноста да се биде дел од Маратон кој е препознатлив симбол за Охрид, а пред се да се организира техничкиот дел. Во соработката со ПФМ имаме високи оценки за минатогодишниот маратон што ни преставува мотив повеќе за овој и следните маратони во иднина....

Continue reading

legatum prosperity index

Норвежаните се најсреќни, Македонците на 76-то место од 110 земји

Post Views: 1 Според истражувањето на британскиот институт „Legatum“ за просперитетот и квалитетот на живот во 110 земји во светот, граѓаните се најсреќни во Норвешка, а животот е најлош во Централно Африканската Република. Македонија според квалитетот на живот се наоѓа на 76. место во групата. Според „Legatum“, во Македонија 62 отсто од граѓаните чувствуваат лична сигурност, а само 9 отсто од луѓето имаат доверба во другите луѓе. Тројца од четворица Македонци изјавиле дека се задоволни од природните убавини на својата земја. Спред здравствената состојба на нацијата рангирани сме...

Continue reading

југ

Обид на дел од охридските советниците за спас на најстариот веслачки клуб Југ

Post Views: 7 За ВК Југ денеска беше одложено уште едно судско извршување за иселување од просториите и заплена на опремата по загубениот судски спор со МПЦ.  Додека веслачите ги очекуваа извршителите , во градскиот совет двајца советници, независниот Павел Попоски и Јоне Станкоски од Вмро НП, предложија одлука за исплата на финансискиот долг на ВК Југ за да се спречи негово згаснување  како најстар градски клуб. Но нивниот предлог Локалната да ги  подмири обврските од 450.000 денари не беше ставен на дневен ред за да се разгледува. Сосевтникто Станкоски кажуав дека за овој проблем...

Continue reading

dzamija

Џамијата во Горна Белица за едни легална за други не

Post Views: 1 Џамијата во Горна Белица за едни дивоградба, за други легална. Тоа што е сигурно е тоа дека овој предмет е главна причина што на градоначлникот на Струга,  државниот инспекторат за градежништво  му ги одзеде ингеренциите во сферата на урбанизмот и градежништвото. „Министерството за транспорт и врски, односно, државниот инспекторат за градежништво, во многу општини ги одзеде ингеренциите од сферата на урбанизмот, не само во Струга. Ги одзеде секаде каде утврди дека не се постапува согласно законот. Добро е градоначалниците да си ги исполнуваат обврските согласно законот,...

Continue reading

sednica

Преобемна 43 -та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 1 Охридските советници на 43 -та седница  имаа исцрпен дневен ред со над 80 точки. Меѓу важните теми за кои советниците  одлучуваа беше и ребалансот на буџетот. Јован Стојаноски советникот од редовите  на СДСМ упати забелешки на реблансот. Немаме преглед во  извештаите и не можеме да споредиме што се планиарало и што е направено, вели Стојаноски.Напоменува дека  повторно по 3- 4 месеци се оди на ребалнс кој нема реална основа. Се предлагаат приходи кои се под голем знак на прашање дали ќе се оставарат, вели Стојаноски. На крај од годината ќе се потврди ова наше сомневање...

Continue reading

36-годишен охриѓанец физички ја нападнал неговата сопруга

Post Views: 4 На 10-ти февруари 2022 година во 21:30 часот во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е А.Р. (36) од Охрид. Тој, претходно во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

svr

Фатени крадци кои во струшко краделе дрва со коњи

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.В.(37) од струшкото село Поум.   Пријавениот, без соодветна документација за сеча на дрва  организирал, пресекол и одзел туѓа шума во количина од 10 метри просторни, со што се стекнал со противправна имотна корист од 24.000,оо денари. Тој ангажирал три лица албански државјани за сеча на дрва од шумски терен во подрачјето на селото Поум на земјиште кое не е негова сопственост. Тие требало  бесправно односно без одобрение да ги сечат дрвата...

Continue reading

Утре од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Post Views: 0 Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, утре ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ. Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top