MI5: “Се планираат големи атентати на Западот”

Милитанти на Al Qaeda планираат големи атенатати на Западот

 |  инфодеск  | 

Милитанти на Al Qaeda планираат напади со големи размери на Западот, рекол директорот на MI5 (британската разузнувачка служба).

Говорејќи во седиштето на MI5 во Лондон, ден по атентатот направен во Париз на редакцијата на Charlie Hebdo, Andrew Parker рекол дека постои голем ризик од напади кои би можеле да ги направат борците кои се враќаат од Сирија.

“Знаеме дека една група од фанатични терористи на Al Qaeda во Сирија планира атентати од широки размери на Западот”, рекол тој и додал дека постои голема веројатност за напади во Велика Британија. Нивните цели се, спрема Parker, сообраќајниот систем и култните места.

Parker рекол дека околу 600 британски екстремисти отпатувале во Сирија и се приклучиле на Исламската држава.

Џихадистите на таа група во Сирија планира напади во Британија и на софистициран начин ги користат социјалните мрежи за да ги поттикнат државјаните на насилие.

Последните месеци MI5 успешно спречилa три потенцијални смртоносни напади во Велика Британија, нагласил директорот на MI5.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top