Пациентот кој доби ново срце е добро и се опоравува

Post Views: 6 Пациентот на кој пред два дена му беше извршена трансплантација и доби срце од починат донор, се чувствува добро. Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики – пишува министерот Венко Филипче На Фејсбук. Инаку, трансплантацијата на срце кај 53 годишниот пациент, кој имал тешка срцева аномалија, траела неколку часа.

Continue reading

migranti

Министерски состанок за мигрантите во Охрид

Post Views: 1 Неопходните чекори што треба да бидат преземени за задржување на вонредниот притисок на мешаната миграција е целта на меморандумот за разбирање што ќе го потпишат министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и на Србија. Министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија и Србија, Митко Чавков, Јохана Микл Лајтнер и Небојша Стефановиќ, како и заменик државниот секретар на МВР на Унгарија Кристина Берта ќе потпишат меморандум за разбирање посветен на чекорите за справување со вонредниот притисок на мигрантите и бегалците што ги засега овие земји. Се очекува...

Continue reading

На плажите без спасители да има табли со предупредување

Post Views: 1 Мартин Елечоски е Национален инструктор за спасување и спасител на вода. Десет години е дел од спасителната служба на вода на охридското крајбрежје. Споделува дека нивната служба има големо значење за одржување на безбедноста на капалиштата каде што капачите се заштитени од давење и повреди. „Покрај гарантирањето на безбедноста на капачите на плажите, гарантираме безбедност на капалишната зона да не се приближуваат до објекти кои би ги повредиле капачите, им даваме совети како безбедно да уживаат на плажа. Постојат опасности од топлотен удар, а има и алкохолизирани...

Continue reading

ou debrca

Нема веќе деветтолетка во Велмеј-револтирани родители се жалат дека децата им биле префрлени во несоодветни услови во училиштето во Лешани

Post Views: 14 Единствените четири дечиња од Велмеј кои од годинава се шестоодделенци, наместо во основното училиште во родното место, понатамошната настава до деветто одделение, ќе ја држат во соседно Лешани. Нивните револтирани родители се незадоволни бидејќи сметаат дека училиштето во Велмеј има подобри услови за одвивање на наставата, но револтот кај нив најмногу се создал бидејќи тие тврдат дека управата на основното училиште не ги известило навремено дека нивните ученици ќе бидат префрлени во Лешани. Дополнително, родителите реагираат и дека нивните деца по префрлањето во Лешани,...

Continue reading

Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба

Post Views: 6 Несоодветно чуваните пијалоци кои се во ПЕТ амбалажа, темпирана бомба. Граѓаните можеби во детали не го знаат ХАСАП системот и што се тој треба да содржи но можат да забележат кога со некои производи се постапува како што не треба. До редакцијата на ТВМ пристигнаа реакции од граѓани за несоодветно чување вода и пијалоци во пластична амбалажа. На температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина и дополнителна топлина која доаѓа од надворешни единици на клима уред се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид....

Continue reading

Дали штедењето во евра е сигурно?

Post Views: 9 Еврото не престанува да слабее во однос на американскиот долар. Како што пишува во соопштението на IMC агенцијата, на глобалниот девизен пазар (Forex), еврото во однос на американскиот долар од почетокот на годината ослабе за додатни 3% и го продолжи трендот на слабеење од претходната година. Падот на еврото не треба да изненадува. Аналитичарите на AdmiralMarkets тоа го најавуваа повеќе од една година но и понатаму сметаат дека тој тренд ќе продолжи долгорочно да трае. Поедноставно кажано, економската ситуација во САД е многу подобра отколку во Европа па е сосем логично...

Continue reading

Годинава рекордно високи цени за ајвар и зимница

Post Views: 3 Крајот на август и септември, се месеци предвидени за подготовка на зимница. Почнувајќи од низалки со пиперки, туршија, ајвар, лутеница, малџано, пинџур и останато, македонците, традиционално во овој период од годината, се подготвуваат за зимскиот период. Некои не прават зимница, други пак ја прават во помали или поголеми количини, во зависност од длабичината на џебот. Како и да е, дел од граѓаните кои ги анкетиравме забележуваат дека земјоделските производи годинава се поскапи од лани. „Нема да правам зимница, годинава не е скапо, ама јас не можам за двајца луѓе. Годинава...

Continue reading

sateska

Дел од станарите од улицата Сатеска 81 се жалат на бројни комунални проблеми

Post Views: 4 Слоботка, Грозда, Олга и Севда живеат во Далјан, на улицата Сатеска бр 81.Тие се незадовлни од бројни комунални проблеми кои им го загорчуваат одморот поминат во Охрид. Викенд становите за одмор во насечбаат ги купиле пред повеќе од 3 децении. Години наназад велат замижуваме пред отвроениот канал кој тече под нашите тераси. За 100- тина метри колку што е должината на каналот  не се најде решение. Пред секој изборен процес ни ветуваат негово затварање, но никако да се затвори, велат дел од станарите од Сатеска 81. „Над каналот навечер не се  седи на тераса. Ние идеме...

Continue reading

licna karta

Во Албанија само со лични карти

Post Views: 94 На маргините на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина и САД, вчера во Тирана, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и потпреседателот на Владата на Република Албанија и министер за надворешни работи Едмонд Хаџинасто, ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Република Албанија со која се предвидува македонските и албанските државјани да патуваат само со лични карти. Со потпишувањето...

Continue reading

Милион евра се продава најскапата вила на охридското крајбрежје

Post Views: 2 Милион евра е цената на најскапата вила која во моментов се продава на охридското крајбрежје. Во агенциите за недвижности се почесто се јавуваат  купувачи кои сакаат да поседуваат  имот на охридското крајбрежје и се подготвени да платат за луксузни станови т.в. пентхаус и куќи со поглед на езеро или Стар град, напоменува Наташа Спасеска  Цветкоска од АН „Капитал“. Има клиенти кои се подготвени да платат за таков имот во Охрид ама понудите се мали. „Имаме луксузни пентхаус станови на понуда. Станови на највисоките катови од зградите со поголема квадратура со цена од...

Continue reading

kandza

Југот ги донесе јагулите, но и рибократците

Post Views: 29 Гнасен и нехуман чин на рибократците. Овој пат на мета е јагулата. Веќе три дена како таа во Струга се лови на несоодветен начин и тоа на неколку локации по течението на реката Дрим. Силниот јужен ветер кој три дена дува и предизвика силен бран во езерото, беше причината дел од оваа риба да тргне во потрага по храна, а дел на своето свадбено патување во Сарагасово море. Претседателот на СРК „Св Апостол Петар“ Радован Димитриевски, вели дека станува збор за гнасен и нехуман чин, кој се повторува секоја година и кој мора да се спречи. „Голем дел од јагулата влезе во...

Continue reading

Дали засадените палми во Охрид се сушат

Post Views: 1   Дали засадените палми во Охрид се сушат. Дваесетина дрвца веќе покажуваат знаци на згинување па граѓаните коментираат дека овие тропски дрва воопшто не требаше да се садат овде бидејќи климата и поднебјето не им одговараат. Од ЈП „Комуналец“ пак ги демантираат ваквите коментари кажувајќи дека само шест палми се исушени, а другите десетина се во фаза на исушување, но сеуште имаат зелени листови па можно е и да успеат. Директорката на Комуналец Елена Скрческа кажува дека ги почитувале препораките дадени од ЈП „Македонски шуми“ за одржување на палмите во летниот период.Секојдневно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top