Дел од станарите од улицата Сатеска 81 се жалат на бројни комунални проблеми

Дел од станарите од улицата  Сатеска  се жалат на бројни комунални проблеми во Далјан.

 |  Валентина Неловска  | 
sateska

далјанСлоботка, Грозда, Олга и Севда живеат во Далјан, на улицата Сатеска бр 81.Тие се незадовлни од бројни комунални проблеми кои им го загорчуваат одморот поминат во Охрид. Викенд становите за одмор во насечбаат ги купиле пред повеќе од 3 децении. Години наназад велат замижуваме пред отвроениот канал кој тече под нашите тераси. За 100- тина метри колку што е должината на каналот  не се најде решение. Пред секој изборен процес ни ветуваат негово затварање, но никако да се затвори, велат дел од станарите од Сатеска 81.

„Над каналот навечер не се  седи на тераса. Ние идеме да дишеме воздух, а од комарци и смрдеа не се седи. Тоа е гадотија. Охрид е Охрид за убавина, а не за смрдеа“, се жали  Слоботка Павлова.

Грозда Божинова реагира  дека каналот не парви само еколошки проблем туку и правен. Станарите од Сатеска не можат да го легализираат земјиштето под нивната зграда.  Што ќе откупиме жабокречина се прашува  Божинова.

„Ние не можеме да го откупиме земјиштето. Треба да се околчи , влезот е од другата страна и овој дел е неискористен, не може да проаѓаме. Од другата страна на зградите се околчуваат, а ние остануваме ни на земја ни на небо. Доаѓаме на одмор , сакаме убаво да видиме, јас доаѓам 30 години, но се полошо и полошо е“, раскажува Божинова.

далјанСтанарите напоменуваат дека посебна приказна се  улиците во Далјан кој се ископани и прашливи, колите ги искршивмеа нема на кого д а се пожачиме. Во населбата е изгубен мирот. Се чука се гради во сезона,  од рано наутро и преку викенд , кажува Олга Тодороска.

„ Сатеска се гради од пролетта се уште не е направена. Прашини , не се знае ни викенд се чука од изутрина,  а си дошол на одмор , но каков одмор“, се прашува Тодороска.

Севда Мирска додава дека има стан во оваа зграда 15 години , но вели не е воопшто задоволна од околината.

„Плаќаме улично осветлување живееме во темница.Контејнери имаше повеќе сега се тргнати и наутро ужас е целото ѓубре од целиот потег и од  Извиднички се фрла тука. Ние нема каде да го фрламе“, се жали Мирска.

За проблемите од комуналната сфера  кои ги мачат и на кои реагираат дел од станарите на Сатеска одговор побарвмеод Фондот за комуанлни дејности. Прашавме кога ќе бидат завршени  градежните зафати на Сатеска.

„Поставувањето на нов слој асфалт се очекува   наскоро. Претходно се вршеа подготвки за нивелирање на шахти и коловозот по целата должина на патот. Она што ги интересира граѓаните во согласност со АД Илинден зафатите треба да финишираат до септември“, напоменува  Љупчо Танески портпрол на Фонд за комунални дејности.

За прашањето поврзано со плановите на ЛС  за  отворениот  канал кој  им прави проблеми на жителите  од улицата Сатеска, од Фондот ветија дека ќе се произнесат со одговор во текот на  утрешниот ден.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top