Во Албанија само со лични карти

На маргините на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина и САД, вчера во Тирана, министерот за надворешни работи на Република Македонија и потпреседателот на Владата на Република Албанија , ја потпишаа Спогодбата со која се предвидува македонските и албанските државјани да патуваат само со лични карти.

 |   | 
licna karta
licna karta

licna kartaНа маргините на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина и САД, вчера во Тирана, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и потпреседателот на Владата на Република Албанија и министер за надворешни работи Едмонд Хаџинасто, ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Република Албанија со која се предвидува македонските и албанските државјани да патуваат само со лични карти.

Со потпишувањето на оваа Спогодба,  по нејзиното стапување во сила, ќе им се овозможи на македонските и на албанските државјани да влегуваат, излегуваат, транзитираат и краткорочно престојуваат до три месеци во секој шестмесечен период, сметано од денот на првото влегување, со важечки биометриски лични карти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top