Пациентот кој доби ново срце е добро и се опоравува

Пациентот на кој пред два дена му беше извршена трансплантација и доби срце од починат донор, се чувствува добро.

 |   | 

Пациентот на кој пред два дена му беше извршена трансплантација и доби срце од починат донор, се чувствува добро.

Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики – пишува министерот Венко Филипче На Фејсбук.

Инаку, трансплантацијата на срце кај 53 годишниот пациент, кој имал тешка срцева аномалија, траела неколку часа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top