Post Views: 57
Улицата „Илија Смически“ во село Лескоец охридско, сеуште е раскопана. Сликата која ја регистрира нашата камера кажува за катастрофалната состојба во која се наоѓа оваа улица во моментов, долга 1000 метри. Жителите се жалат дека неасфалтираниот пат е проблем и за нив и за возилата, а со истиот се соочуваат веќе една година. Дворовите во лето им биле полни со прашина а во зима пливале во вода и кал. Не ретко се случувало возилата или камионите кои поминуваат по тој пат да пропаднат во дупките па биле принудени да викаат влечна служба да ги извадат.
„Овде јас не занм...
Post Views: 3
Жените, жртви на семејно насилство, економски ќе се зајакнуваат, преку мерката субвенционирано врабортување. Бројот на жртвите на насилство расте, но проблемот се намалува. Тоа пред се се должи на делување на институциите и граѓанските здруженија сметаат од Националниот совет на жени на Р. Македонија. Тие денес во Струга ја одржаа четвртата регионална деловна средба, на која акцент беше ставен на субвенционираното вработување на жени жртви на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност рече дека фирмите кои ќе вработат жртва на...
Post Views: 6
На охридските гробишта непознато лице деновиве оштетило 4 надгробни споменици во муслиманските гробишта и едно во православните. Од ЈП Градски гробишта случајот со скрнавење на спомениците го пријавиле во полицијата која направила увид и работи на откривање на сторителот. Директорот на ЈП Градски гробишта Зоран Симоноски, напоменува дека не е направена голема материјална штета.
„ Не. Се работи само за испишување на бројки и букви со црвена течност и се констатираа кај два споменика мали скршени делови. Но она што го видовме може да не од сега се постари оштетувања...
Post Views: 2
Ниските температури, коишто деновиве се и минусни на повисоките места, го донесоа првиот есенски снег за оваа година.
Како што објави порталот Бабам Битола, падна првиот снег на врвот Пелистер, каде што температурите достигнаа и до 3 степени под нулата.
Дождливото време и ниските температури кои на нашата Баба планина со врвот Пелистер достигнуваат и до – 3 степени целзиусови ни го донесоа и првиот есенски снег за оваа 2021 година. Ниските температури ќе се задржат и понатаму што значи дека снегот ќе продолжи да паѓа. Голема благодарност до Стефан Петровски и...
Post Views: 2
Удрени темелите на гринфилд објектот на германската компанија од автомобилската индустрија ОДВ Електрик. Денес свечено беше означен почетокот на изградбата на оваа прва инвестиција во технолошко-индустриската развоја зона Струга-Охрид. Според извршниот директор на ОДВ Електрик, Лудвиг Батон, тенденција на компанијата е фабриката во Македонија да прерасне во уште една успешна приказна.
„ОДВ Електрик има амбициозни планови за Македонија со тоа што планираме да го зголемиме производството, да понудиме различни производи, да пренесеме нови технологии. За да го постигнеме...
Post Views: 0
Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи.
Оваа финансиска поддршка ќе стартува од октомври годинава, а студентите за да ги добијат средствата освен што треба да се државјани на Република Северна Македонија, треба да ги исполнуваат и следните услови:
-да не се во редовен работен однос;
-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци;
-да немаат...
Post Views: 3
Кристине Алтхаузер , германската амбасадрока во РМ на покана од охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денес беше во работна посета на охридската локална самоуправа. Амбсадорката и градоначаланикот разговараа за продлабочување на досегашната успешна соработка. Градоначалникот се заблагодари за досегашната соработк аиподдршк ана геманскат амбасада за развој на општина Охрид. При тоа наведе проекти кои досега се реализирани или се во тек за имплементација во општина Охрид со поддршка на германската амбасада. Разговарано е и за соработки и на други полиња, размена...
Post Views: 8
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во работна посета на Охрид. Таа изврши увид на неколку проекти на кои активно работи ресорното министерство. Милеска задоволна е од динамиката со која се одвиваат работите на локалитетот Плаошник и смета дека до 2018 год, целиот комплекс ќе биде промовиран, вклучувајќи го тука и партерното уредување. Таа го посети локалитетот Долни Сарај каде беше извршена реставрација и конзервација на ѕидните платна под сцената Долни Сарај, со што ова место доби автентичен изглед.„Целиот проект е завршен издвоени се од буџетот...
Post Views: 11
Членовите на американскиот екипаж се евакуирани од меѓународната вселенска станица,која е составена од два сектори од кои еден руски и еден американски, откако во нивниот оддел дошло до истекување на штетни гасови.
Се претпоставува дека се работи за амонијак од системот за ладење, а поради истекувањето се активирале алармите. Истовремено дошло и до зголемување на притисокот во кабината.
Американските астронаути се преместени во руско одделение, јавуваат руските агенции а пренесува SkyNews.
Шесточлениот екипаж на станицата се тројца Руси, двајца Американци и еден Италијанец...
Post Views: 4
На дел од Охридските улици денес во еден период од денот немаше автомобили. Тие беа затворени за сообраќај и им беа отстапени на пешаците и велосипедистите. Граѓани, јавни личности, ученици, со велосипед направија обиколка на градот. Со тоа на симболичен начин се одбележа Денот без автомобили.
Градоначалникот Никола Бакрачески ја предводеше турата на велосипед, а со тоа Охрид се вклучи во глобалната кампања за намалување на употребат на автомобили во редовниот сообраќај. Годинешната кампања во Европската недела на мобилност се води под мотото „Избери, промени, комбинирај“.
„Ние...
Post Views: 0
Два часа староградска музика ќе се изведува на 27 -те Охридски староградски средби. На 25 септември, в петок, 14 аматерски музички ансамбли со преку 150 учесници ќе гостуваат во Центарот за култура Григор Прличев. Претходно манифестацијата ќе започне во 19 часот со свечено дефиле низ охридската чаршијата. Годинава имаше голем интерес за гостување на Охридските староградски средби па на 10 ансамбли моравме да им го одбиеме учеството, информира директорката на Центарот за култура Драгана Боцевска. Од Центарот размислуваат манифестацијата да ја прошират и да се одржува...
Post Views: 1
Александар и Марија се најчести имиња во Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, објавени во годишникот „Македонија во бројки 2011“.Во земјава во периодот до 31 март годинава регистрирани се 23.584 лица со името Александар и 21.311 со Марија.На второ место доаѓа Зоран со 16.532 и Никола со 15.715, а од женските Елена со 12.112 и Билјана 11.769.
Според податоците на ДЗС, следуваат Горан со 12.444, Драган 9.311, Дејан 9.170, Петар 8.569, Игор 8.443, Илија 8.358, Стефан 8.040, односно Весна со 10.552, Снежана 10.357, Виолета 9.345, Александра...