• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Не може да се надгледува целата површина на градските гробишта за да се спречат вандализми

Не може да се надгледува целата површина на градските гробишта за да се спречат вандализми

Санирани оштетените надгробни споменици во муслиманските и христијанските гробишта кои беа мета на вандали. Од Градски грибишта  велат  дека не е направена голема материјална штета. Во врска со физичкото обезбедување на гробиштата од таму велат дека не можат да го  контролираат целосно бидејќи се работи за голема површина.

 |  Валентина Неловска  | 

 

На охридските гробишта непознато лице деновиве оштетило 4 надгробни споменици во муслиманските гробишта и едно во православните. Од ЈП Градски гробишта случајот со скрнавење на спомениците го  пријавиле во  полицијата која направила увид  и работи на откривање на сторителот. Директорот на ЈП Градски гробишта  Зоран Симоноски, напоменува дека не е направена голема материјална штета.

„ Не. Се работи само за испишување на бројки и букви со црвена течност и се констатираа кај  два споменика мали скршени делови. Но она што го видовме може да не од сега се постари оштетувања па од службите ќе го докажат тоа со вештачење“, вели Симоноски, дирeктор на ЈП Градски гробишта.

Во меѓувреме од ЈП ги известиле старателите на гробните места и по добивањето на дозвола од службите го санирале она што можело да се поправи.
На прашањето дали чуварската служба на ЈП може да ги спречи ваквите вандалски однесувања на поединци, Симоноски со одговор.
 
„ Ние имаме капијаши но сакам да кажам дека гробиштата зафаќаат огромен простор од 150-160.000 метри квадратни  и доста добар дел од гробиштата на источната и северната страна не се заградени. Влегувањето и излегувањето на лица во гробиштата не можеме во целост да го контролираме, укажува Симоноски.  

Зоран Симоноски, директорот на ЈП „Градски гробишта“ додава дека овој случај  не е прв да се оштетуваат гробните  споменици. Во изминатите години имало слични оштетувања, но за среќа станувало збор за  помали вандалски испади. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top