Градоначалникот на велосипед за денот без автомобили

Градоначалникот Никола Бакрачески со велосипед во обиколка на градот. Ова беше дел од кампањата по повод Денот без автомобили. Охриѓани сакаат да возат велосипед, но бараат да се подобри инфраструктурата за велоспедисти и да се зголеми нивната безбедност.

 |  Лионела Јаковлева  | 

 

На дел од Охридските улици денес во еден период од денот немаше автомобили. Тие беа затворени за сообраќај и им беа отстапени на пешаците и велосипедистите.  Граѓани, јавни личности, ученици, со велосипед направија обиколка на градот. Со тоа на симболичен начин се одбележа Денот без автомобили.

Градоначалникот Никола Бакрачески ја предводеше турата на велосипед, а со тоа Охрид се вклучи во глобалната кампања за намалување на употребат на автомобили во редовниот сообраќај. Годинешната кампања во Европската недела на мобилност се води под мотото „Избери, промени, комбинирај“.

„Ние како одговорна Локална самоуправа се заветивме дека ќе ја намалиме штетноста од прекумерна употреба на автомобилите, но и ќе искомбинираме повеќе активности за да имаме безбедно движење на пешаците и велосипедистит.“ вели градоначалникот Бакрачески.

Од Свр велат дека бележат намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди во кои учесници се велосипедистите. Оваа година во првите осум месеци нема сообраќајни незгоди во кои загинале или биле тешко повредени велосипедисти. Има само петмина кои се здобиле со полесни повреди.

„Севкупните мерки на СВР Охрид и на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот вроди со плод. Има простор за понатамошна работа и за уште поголемо подигнување на свеста кај велосипедистите, но и останатите учесници во сообраќајот и на тоа ќе работиме во периодот што следува. “ вели Стефан Димоски, претседател на Совет за безбедност во сообраќајот при Локалната самоуправа.

Димоски вели дека треба да се поработи на инфраструктурата за велосипедистите за што и Локалнта и сите чинители кои  можат да придонесат за тоа треба да се ангажираат. Во годишната програма на Советот за безбедност во сообраќајот при Локалната самоуправа предвидени се повеќе проекти за таа цел. Еден од нив е и „Велосипедско поврзување на Охрид и Струга“.

Инаку Денот без автомобили се одбележува во 1648 градови во 42 земји во Европа. И Охрид стана дел од ова големо семејство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top