Министерката за култура ги посети локалитетите во Охрид во фаза на реставрација

Презентација на богатото културно – историско наследство на Охрид, најсилен адут и нова стратегија на Локалната самоуправа и Секторот за ТЛЕР во иднина, за збогатување на туристичката понуда на Охрид. Ова пред министерката за култура Елизбета Канческа-Милевска, го истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

 |  Биљана Николоска  | 

 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во работна посета на Охрид. Таа изврши увид на неколку проекти на кои активно работи ресорното министерство. Милеска задоволна е од динамиката со која се одвиваат  работите на локалитетот Плаошник и смета дека до 2018 год, целиот комплекс ќе биде промовиран, вклучувајќи го тука и партерното уредување. Таа  го посети локалитетот Долни Сарај каде беше извршена реставрација и конзервација на ѕидните платна под сцената Долни Сарај, со што ова место доби автентичен изглед.
„Целиот проект е завршен издвоени се од буџетот на Министерството за култура 2,8 милиони денари и навистина беше од огромно значење бидејќи имаше доста оштетувања и спречивме опасност бидејќи доста туристи се движат по патеката која што води кон Канео“– изјави министерката.

Канческа-Милевска ја посети и Црквата Богородица Перивлепта. Таа нагласи дека интензивно се работи на овој комплекс, целосно била завршена архитектурата на црквата со дренажа околу објектот како и во неговата внатрешност. Милеска потенцираше дека тим од 14 конзерватори веќе работат на конзервација и освежување на фрескоживописот и најави дека истиот за 10 месеци треба да биде готов. Целосно била завршена реконструкцијата на камбанаријата, а се работи на реконструкција на конакот, за што потенцираше дека со градежни зафати ќе се отпочне откако ќе се изведат сите археолошки испитувања на тој простор. Соработката со министерството за култура е на високо ниво кога станва збор за реализација на проекти кои се однесуваат за заштита и унапредување на културно историското и духовно наследство на Охрид како најбогата ризница на Балканот.

„Културното наследство на Охрид е вистинската основа за развој на туризмот во иднина и она што најмногу е атрактивно за гостите и туристите кои што доаѓаат во Охрид. Се надевам дека ваквата соработка ќе продолжи во иднина се со цел да се завршат и реализираат сите проекти кои беа ветени во делот на заштитата на културно историско наследство и тоа ќе биде еден круцијален момент за збогатување на понудата на Охрид“.- кажа градоначалникот Никола Бакрачески.

Тања Паскали Бунташеска, директор на НУ „Завод и Музеј“- Охрид, зборуваше за нивните активности што се спроведуваат во Охрид и Струга, а кои се предвидени за реализација во овогодинешниот план на Заводот.

„Веќе е отпочнато со конзервација и реставрација на фасадите на два објекти, тоа се куќата на Ѓурчинови и магазата на ул „Св Климент Охридски“, тие се во завршна фаза и ќе бидат готови за две недели. Исто така во секој момент ќе отпочне конзервација и реставрација на фасадата на објектот каде што се наоѓа зградата на Радио Охрид и на куќата на Димзови, ќе се отпочне со изведба на потпорниот ѕид зад куќата на Робевци, знаете дека во 2008 година се руши дел од тој ѕид па сега ние мораме да го заштитиме тој простор како и Музејскиот комплекс Робевци“– изјави Паскали Бунатшеска.

Како што информираше Бунташеска, континуирано работеле на валоризација и ревалоризација на одредени објекти, како и на збирките на движното културно наследство. Според неа до крај на годинава предвидено било за Охрид и Струга да биде целосно завршена профаната и сакрална архитектура. Останувало да се изврши доревалоризација на археолошки локалитети. Исто така Бунташеска кажа дека готови биле елаборатите за валоризација на збирките на икони, на стари ракописи, историската збирка, збирката на златните предмети, на етнолошки предмети, збирка на епиграфски споменици, на монети од локалитетот „Самоилова тврдина“, а се врши и реновирање на постоечките депоа во кои се чуваат музејските предмети. Проектот за реновирање фасади на Министерството за култура е отворен до 2020 год,  ипредвидена е конзервација и реставрација на уште најмалку 40 објекти од посебен интерес.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top