velgosti

Црковниот одбор и месната заедница од Велгошти бараат решавање на проблемот со селските гробишта

Post Views: 49 Проширувањето на селските гробишта за велгоштани  има итен приоритет во  решавање на комуналните проблеми во населбата. Овој проблем веќе долго време ги мачи жителите бидејќи постоечките селски гробишта се веќе исполнети. Месната заедница и Црковниот одбор од Велгoшти наскоро ќе бараат средба со  градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Градски гробишта“ Зоран  Симоноски, вели за ТВМ Јоне Лиотоски член на селскиот Црковен одбор. „ Истите да ни излезат во пресрет овој сериозен  проблем да го решиме  во интерс на жителите  на Велгошти. Прво ќе бараме да...

Continue reading

dzamija

Се чешла документацијата во општина Струга

Post Views: 5 Два дена инспектори од Министерството за транспорт и врски во Локалната самоуправа ги гледаат дел од објектите за кои има индиции дека се дивоградби. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, вели дека после одземените ингеренции на општинскиот градежен инспекторат за предметот Г. Белица, тој и понатаму стои до неговата изјава дека нема да прими инспектори за предметот Г. Белица бидејќи тоа според него било незаконски. Мерко рече; „Истото го тврдам и понатаму, значи за предметот Г. Белица го подразбирам како завршен предмет бидејќи за истиот негде пред 30 дена има жалба...

Continue reading

Заливот на коските и натаму најинтересен за туристите

Post Views: 1   Заливот на коските во Градиште се најде прв на листата по посетеност во земјава со 40 000 туристи. Веднаш после него се Охридскот кале, односно Самоиловата тврдина и Канео со 30 000 гости, потоа следуваат Златната соба во Музејот Робевци со 5000 продадени влезници и Галерија на икони со 4000 посетители. „Посетеноста е на задоволително ниво зголемена е посетеноста и во објектот „Куќата на Робевци“ во галеријата на икони, оваа година имаме огромна посетеност на Самоиловата тврдина, Музејот на вода како и секогаш си има стандардна посетеност, ние сме задоволни од посетата...

Continue reading

Се урна зграда во Турција

Post Views: 0 Спасувачите и денеска трагаат по затрупани под урнатините на зградата во источна Турција, изјави денеска претставник на локалните власти. Гувернерот на провинцијата Малатија, Ајдин Барус, рече дека најмалку 15 луѓе биле во двокатната зграда за време на уривањето, но не може да го каже точниот број на оние кои останале заробени. Тој рече дека спасувачите слушнале едно лице под урнатините и се обидувале да стигнат до него. Досега се спасени 13 лица кои се хоспитализирани, а двајца се на интензивна нега, но не се во критична состојба.  Причината за уривањето на зградата...

Continue reading

Мал интерес кај охриѓани за едукација за превенција од кражби

Post Views: 1 Превенција од провални кражби во станови, куќи и викендички. Ова беше темата на синоќешниот состанок кој го организираше СВР. За жал се покажа дека интересот на Заедниците на станари и сопствениците на куќи, беше слаб, бидејќи 99 % од поканетите иако потврдиле дека ќе дојдат не присуствуваа на состанокот не покажаа интерес за средбата, вели Живорад Савиќ од СВР. Но и покрај тоа Савиќ нагласи дека нема да застанат во својата намера за реализација на овој проект, односно дека тие ќе ги посетуваат заедниците на станари. „Превентивните мерки кои што се однесуваат на провални...

Continue reading

ЗАПОЧНА 60-ТОТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА БАЛКАНСКИОТ ФЕСТИВАЛ

Post Views: 0 Шеесет годишната културна манифестација, препознаена и призната од УНЕСКО, на која продефилирале над 60 илјади уметници, во наредните четири фестивалски вечери, низ играта и песната ќе ги шири универзалните вредности на фолклорот и интеркултурното разбирање на различните балкански народи. Од името на градот домаќин, пред присутните се обрати градоначалникот Константин Георгиески. – И после 60 години, од овде, од прекрасниот амбиент на  летната сцена „ Долни Сарај, учесниците на фестивалот ќе упатуваат универзални пораки за хуманизам, презентирање на сопствениот идентитет,...

Continue reading

starogradski sredbi

Продолжува традицијата на охридските тајфи-27ми Охридски староградски средби

Post Views: 50 Од колено на колено, од визита на визита, а сега од едни до други охридски староградски средби. Продолжува традицијата на Садиловци, на охридските тајфи и прекрасната и безвремена староградска песна. 27то издание на фестивалот Охридски староградски средби на едно место собра 14 ансамбли и негуватели на староградската песна, но и бројна публика која тактираше во ритамот на „Бор садила мома Евгенија“, „Битола бабан Битола“ и уште многу други стари македонски песни. „Овие ансамбли, овие групи, најголем број од нив се ентузијасти кои од голема љубов спрема убавата градска...

Continue reading

ekonomsko

Се помалубројните генерации на основци, ги преполовија паралелките во средното економско училиште

Post Views: 2 Намалениот наталитет, се помалите генерации кои запишуваат и завршуваат основно образование ги преполовија паралелките во средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Сегашната генерација која запиша прва година, а особено наредната, според статистичките податоци се најмали по бројот на дечиња. За оваа учебна година, менаџментот на ова средно училиште бил приморан да бара одобрение за формирање на паралелки со помал број од законскиот минимум од 25 ученици што е сериозно намалување во споредба со генерациите од пред десетина години кога економските паралелки броеја...

Continue reading

Опасност во Европа – 180 терористи се спремни за напади

Post Views: 7 Извор од разузнувачките агенции рекол за CNN дека моменталните терористички закани вклучуваат 20 терористички ќелии во кои се помеѓу 120 и 180 лица спремни за напади во Франција, Германија, Белгија и Холандија. Изворот рекол и дека европските и блискоисточните разузнувачки агенции идентификувале “непосредна опасност” за Белгија, а можеби и за Холандија. Во Белгија е на снага висок степен на приправност по големата антитерористичка акција во која беа убиени двајца мажи за кои имаше сомнение дека се исламистички милитанти. Тие се убиени во градот Вервие откако пукале на...

Continue reading

На секое дете му е потребно семејство

Post Views: 11 Секој што сака деца и што сака да им помогне на децата кои живеат во тешки услови може да помогне и да се вклучи во проектот на Владата, „На секое дете му е потребно семејство“. Оваа порака ја пренесоа две охридски семејства кои згрижиле деца.  „Немам зборови за нив, тие знаат да ценат, искажуваат голема благодарност, љубов. Прегратката од туѓо дете е многу голема, тое е богатство како и децата“ – вели Анкица Крстаноска – згрижувач на деца. Децата знаат доброто со добро да го вратат. Тие се подобри психолози и од возрасните вели Татјана Достиноска, која...

Continue reading

ekonomsko

Учениците од здравствената струка во „Св.Кирил и Методиј“ по дел од предметите сеуште не добиле учебници

Post Views: 0 Учениците од медицинската струка во средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ наместо од учебници по дел од предметите во струката учат од своите тетратки. Директорката на училиштето, Славица Костоска вели дека за стручните предмети и во двете струки се издадени учебници по скоро сите предмети, но потврдува дека за дел од предметите сеуште немаат добиено учебници. Костоска проблемот го лоцира во Одделот за издавање на учебници при Министерството за образование кој според неа сеуште нема издадено нови учебници. Таа вели дека наместо да се усовршуваат наставните единици...

Continue reading

Bozik

Бадник и Божиќ неработни денови

Post Views: 13 Шестти јануари, Бадник, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а седми јануари, првиот ден на Божиќ, е неработен за сите граѓани на Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Согласно со Законот за празниците седми јануари (сабота), првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Неработен само за граѓаните од православна вероисповед е Бадник на шестти јануари (петок). {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top