На секое дете му е потребно семејство

Продолжуваат трибините за Владиниот проект „На секое дете му е потребно семејство“. Денес стручните тимови од Центарот за Социјална работа Охрид, во големата општинска сала ги презентираа можностите, критериумите и бенефитите од проектот за згрижувачко семејство.

 |  Биљана Николоска  | 

Секој што сака деца и што сака да им помогне на децата кои живеат во тешки услови може да помогне и да се вклучи во проектот на Владата, „На секое дете му е потребно семејство“. Оваа порака ја пренесоа две охридски семејства кои згрижиле деца.

 „Немам зборови за нив, тие знаат да ценат, искажуваат голема благодарност, љубов. Прегратката од туѓо дете е многу голема, тое е богатство како и децата“ – вели Анкица Крстаноска – згрижувач на деца.

Децата знаат доброто со добро да го вратат. Тие се подобри психолози и од возрасните вели Татјана Достиноска, која во своето семејство згрижила три деца. Таа кажува дека успеала од деца кои биле воспитани секој да мисли само на себе си, да ги научи да се сакаат, почитуваат и меѓусебе да споделуваат.

„Тие за овој период што се кај нас се 70 % променети, да ти е мило да комуницираш со нив, едноставно добро е да си во контакт со тие деца. Како и секое дети и тие некогаш се палави, но од друга страна знаат и да учат, ги поттикнуваме на тоа. Но најважно е што влегувајќи во семејството тие се социјализираат и учат нормално да функционираат во тоа семејство“-Татјана Достиноска,згрижувач.

Денес во големата општинска сала, стручните тимови од ЦСР одржаа трибина на која укажаа за можноста од згрижување на деца во згрижувачки семејства, ги  запзнаа со критериумите, бенефитите од згрижувачките семејства, како и тоа кои видови на лица можат да бидат згрижени, која поддршка ја добиваат од Центарот и паричната помош.

„Овој проект започна од лани, имавме трибини и на нив често учесниците зборуваа дека дотогшната парична помош не е доволна, ние тоа го пренесовме до министерството и министерството презеде чекори и напори да се зголеми за цели 25 % и мислам дека ова ќе биде доволна причина и мотивираност покрај љубовта кон згрижување да имаат и материјална подлога да чуваат деца“-вели м-р Гордана Атанасова од Центар за Социјална работа.

Сместување во згрижувачко семејство претставува форма на заштита која овозможува грижа за лице кое има потреба од семејство. Надоместокот за сместено дете и згрижувње 8 125 денари, надоместок за сместено дете без родители и родителска грижа и дете со воспитно социјални проблеми на училишна возраст е 9375 денари, надоместок за сместено дете со нарушено општествено поведение и дете со умерени и тешки пречки во менталниот развој изнесува 10 625 денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top