Мал интерес кај охриѓани за едукација за превенција од кражби

Со цел да се подобри довербата  помеѓу граѓаните и полиција, СВР Охрид отпочна со реализација на проектот „Превенција од провални кражби во станови, куќи и викендички“. Со реализација на овој проект но и соработка со граѓаните пред се сакаме да се надмине тој проблем, како би се подобрил квалитетот на животот во градот и зголемување на безбедноста, велат од Секторот.

 |  Биљана Николоска  | 

Превенција од провални кражби во станови, куќи и викендички. Ова беше темата на синоќешниот состанок кој го организираше СВР. За жал се покажа дека интересот на Заедниците на станари и сопствениците на куќи, беше слаб, бидејќи 99 % од поканетите иако потврдиле дека ќе дојдат не присуствуваа на состанокот не покажаа интерес за средбата, вели Живорад Савиќ од СВР. Но и покрај тоа Савиќ нагласи дека нема да застанат во својата намера за реализација на овој проект, односно дека тие ќе ги посетуваат заедниците на станари.

„Превентивните мерки кои што се однесуваат на провални кражби, пред се се од организациона смисла, каде што заедниците на станари и луѓето кои живеат во зградите можат многу да направат да се организираат меѓу себе да го сменат ликот на зградата, да има контролиран влез, да се уреди се согласно законот за домување, таму се предвидени сите работи“.-кажа Живорад Савиќ од СВР Охрид.

Инспекторот по превенција Благоја Стевоски, нагласи дека голем дел од граѓаните ги почуствувале проблемите и траумите при евентуално нарушување на нивниот комодитет со вршење на едно од потешките кривични дела, провалните кражби. Стевоски смета дека неопходно е да се подигне свеста на јавноста за превенција од кражби бидејќи со тоа би се зголемила и нивната лична безбедност. Инспекторот со посебен апел до луѓето кои се ангажирани за одржување на станбените комплекси.

„Во тие влезови каде што имате договор грижете се да постојано функционира осветлувањето, вашите можности доколку дозволуваат влезните врати да бидат постојано заклучено за да на сторителот не му бидат олеснителна можност за делување во нивната намера и доколку може да се одвои процент од средствата кои ги плаќаат станарите да се постави видео надзор“– вели  Благоја Стевоски – инспектор за превенција.

Несоработката со станарите е главниот проблем  на терен, нагласи инспекторката за домување Славица Шекреџи Ристевска. Таа додаде дека многу тешко од станарите можат да се обезбедат средства за резервен фонд како и за фонд за инвестициони вложувања.   

„Од 150 до 200 денари многу им е да плаќаат, а бараат услуги. Ова што го кажавте вие врата, домофон, снимање обезбедување камери, се тоа е финансиски трошок кој оди дополнително, за кој што треба да има 51% согласност од станарите, ниту управителите ниту заедниците на станари не можат тоа да го обезбедат. Верувајте од 100 случаи 90% не можат да го обезбедат тоа и тука доаѓа проблемот“ – вели  инспекторката Славица Шекерџи Ристевска.

Со ваквата констатација се согласуваат и претставниците на службите за одржување на станбените комплекси, кои беа присутни на состанокот. Исто так тие беа согласни во периодот што следи кога ќе ги одржуваат редовните состаноци со заедниците на станари, да ги повикаат и претставниците на СВР Охрид од одделот за превенција, со цел да ги слушнат насоките за превенција од провални кражби.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top