Заливот на коските и натаму најинтересен за туристите

И годинава Заливот на Коските во Градиште најпосетуван локалитет во Македонија. Ова лето десетици илјади гости биле во обиколка на културно историските споменици во Охрид. Од Завод и Музеј задоволни се посетеноста на значајните локалитети во градов.

 |  Биљана Николоска  | 

 

Заливот на коските во Градиште се најде прв на листата по посетеност во земјава со 40 000 туристи. Веднаш после него се Охридскот кале, односно Самоиловата тврдина и Канео со 30 000 гости, потоа следуваат Златната соба во Музејот Робевци со 5000 продадени влезници и Галерија на икони со 4000 посетители.
 
„Посетеноста е на задоволително ниво зголемена е посетеноста и во објектот „Куќата на Робевци“ во галеријата на икони, оваа година имаме огромна посетеност на Самоиловата тврдина, Музејот на вода како и секогаш си има стандардна посетеност, ние сме задоволни од посетата која што ја остваривме оваа година од туристите кои ги посетуваат нашите објекти“.- вели Тања Паскали Бунташеска – директор на НУ Завод и Музеј Охрид.

Голема е посетеноста и на многуте средновековни цркви и споменици на брегот на Охридското езеро, вели Елизабета Канчевска Милеска, министерката за култура.

„Таа наша посветеност, морам да кажам и во делот на институционалната поставеност и во делот на министерството за култура, на Владата, на Локалната самоуправа навистина дава силни резултати за кои резултати верувам дека сите ние сме горди се со цел да го презентираме она што го имаме како највредно културно наследство овде во Охрид“.-изјави министерката за култура.

Балканскиот бисер, Охрид, најбогатата ризница на културно – историското и духовно наследство, ова лето беше магнет за странските туристи, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.

„Сето тоа во насока не само на заштита и унапредување на нашето културно историско и духовно наследтсво туку и збогатување на туристичката понуда на Охрид бидејки културното наследство во Охрид е вистинската основа за развој на туризмот во иднина и она што навистина е најмногу  атрактивно за гостите кои доаѓаат во Охрид“– вели градоначалникот Бакрачески.

Инаку во интерес на туризмот од завод и Музеј информираат дека продолжуваат бројните проектите за заштита на културното наследство. Ќе се конзервираат фасадите на старите градски куќи, се возобновуваат конаците во Заум, фрескоживописите во неколку цркви. А во тек е постапката за изградба на нов современ Дом на култура и театар во Охрид а до 2018 ќе биде изграден најголемиот проект – Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top