pristaniste

Ќе се уредува пристаништето пред Палас

Post Views: 8 Советот на општина Охрид даде зелено светло за уредување на малото пристаниште пред хотелот Палас. На денешната 45 – та седница со 12 гласа за и 9 против се изгласа предлог одлуката за започнување постапка за доделување на договор за Јавно приватно партнерство за изградба и управување на мало пристаниште преку изградба на марина. Насловот на предлог одлуката претрпе измена на самиот почеток на седницата, поради, како што нагласи претседателот на Совет Гордана Коњаноска, усоглсување со насловот на физибилити студијата. Советниците од опозицијата не само што не ја подржаа...

Continue reading

lagadin

Во Лагадин ќе се гради елитна плажа советниците го усвоија начинот на градење

Post Views: 2 Помина предлог Одлуката за утврдување на услови за начинот на градење во село Лагадин. Со тоа, во општина Охрид за прв пат се донесува ваков општ акт за уредување на начинот на градење во место за кое нема донесено урбанистички план. За опозцијата, како што кажа  Дејан Блажески советник од ЛДП, е  неприфатливо, меѓу другото затоа што, како што рече, жителите не биле претходно консултирани.   „ Првенствено не се консултирани граѓаните од месната заедница  Лагадин. Наидувале на бојкот од општина Охрид. Друг момент е јавниот конкурс за изработка на плажа….според некои...

Continue reading

Patra

Грк пловеќи од Патра до Сиднеј ќе го промовирал хеленизмот на Македонија

Post Views: 4 Апостолос Кардарас од Патра, Грција ќе патува шест месеци со брод од својот град до Сиднеј, Австралија, и притоа ќе се труди да ги запознава луѓето со хеленскиот карактер на Македонија, јави „Симбан Ворлд Радио“, радиостаница од Сиднеј наменета на населението со грчко потекло.При патувањето, Кардарас и сопатниците со својот брод ќе пристануваат во Египет, Саудиска Арабија, Шри Ланка, Малезија, Сингапур, Индонезија, а од Папуа Нова Гвинеја ќе се упатат директно во Сиднеј.Кардарас во јавувањето во радиото рекол дека мотивот за патувањето му бил да го нагласи Хеленизмот...

Continue reading

Охридската работна единица на Македонија пат располага со застарена механизација

Post Views: 1 Државното јавно претпријатие Македонија пат  работи со застарена механизација. Одамна  нема обновено возила и  механизација. Претпријатието години наназад функционира со застарен возен парк. Во моментот имаат на расплагање една мала товарна машина и еден стар фап камион од 10 кубици и 20 вработени, велат извори од охридската единица на македонија пат.  Потребата од нова механзиација повторно исплива на површина со  поплавите кои се случија изминатиот викенд. Охридската работна единица интервенираше само со она што го има на располагање, што ни оддалеку не беше доволно...

Continue reading

falsifikuvani pari

Скопјани пазареле со фалсификувани пари во Струга

Post Views: 7 Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Х.Е. (45) и А.И. (45), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „фалсификување пари“.На 2 септември годинава пријавените во Струга во продавница за текстилни производи пуштиле во оптек фалсификувана банкнота од 50 евра.Од полицијата информираа дека се испитува дали овие две лица пуштале и други фалсификувани банкноти во оптек. {loadposition content9}

Continue reading

skolo

Охридските училишта подготвени за грејната сезона

Post Views: 3 Охридските општински средни и основни училишта се подготвени за стартот на грејната сезона. Скоро сите директори на училишта кои ТВМ ги контактираше кажаа дека имаат доволни количини на гориво. Ќе ги користат залихите нафта за почетокот на грејната сезона, а училишните  домаќини го проверуваат функционирањето на парните системи за греење. Охридските училиштата во измината грејна сезона  биле штедливи и на стартот на оваа  сезона ќе ги користат залихите од нафта. Директорите на училиштата  напоменуваат дека во тек е подготовка  на тендерска документација за набавка на...

Continue reading

Албанец уапсен во Италија со половина тон кокаин

Post Views: 3 Албански државјанин е уапсен во Италија откако во камионот што го управувал биле пронајдени 467 килограми кокаин. Според приштинскиот сајт „Репортерс“ се работи за 38-годишен Албанец со иницијали Ц.Е. кој престојува во Фиренца, каде што поседува две градежни фирми. Албанецот бил запрен поради невообичаено цик-цак возење, што предизвикало сомнеж кај полицијата, а во камионот зад поголема количина градежен алат бил пронајден кокаин. Албанецот ќе остане во притвор до прелиминарно рочиште.

Continue reading

logo

Премиера на претставата „Музичка енциклопедија“

Post Views: 0   НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид и Народен Театар Охрид Ве покануваат на премиера на театарска претстава „Музичка Енциклопедија“ во режија на Горги Ризески. Премиерата ќе се одржи во четврток, 15.10.2015 година во19.00 часот во малата сала. Предпремиерата и средбата со актерите е закажана во среда 14.10.2015 година во 15.30 часот.

Continue reading

ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 1 Согласно, Деловникот за работа на Локалното собрание на млади на избраните членови на Локалниот младински совет им престана мандатот во Локалното собрание на млади, а на предлог на оранизациите кои нив ги предложиле беа верифицирани мандатите на новите делегати и заменици делегати на Локалното собрание на млади на општина Охрид. За нов претседавач со Локалното собрание на млади е избрана Јована Ристеска претставник на училишната заедница при СОСУ „Св. Кирил и Методиј„ Охрид. За секретар на Локалното собрание на млади е избрана Анастасија Стојаноска претставник на ОО...

Continue reading

Опасен напукнат ѕид од конакот во близина на црквата Богородица Перивлепта

Post Views: 0 Ѕидот на конакот во близина на црквата Богородица Перивлепта е опасен по појавата на напукнатина  по обилните врнежи од дожд овој викенд. Објектот е во фаза на  реконструкција и е во близина на ОУ Св Клиемнт Охридски. Од училиштето стравуваат ѕидот да не се сруши бидејќи во негова близина  секојдневно поминуваат ученици и минувачи, посочува  Јордан Пуроски директор на ОУ „Св. Климент Охридски“. Директорот додава утрово испратиле  допис со реакција  до Завод И Музеј. „ Тоа е реална опасност. Писмено се обративме до Завод и Музеј. Побаравме комисија да излезе на увид и...

Continue reading

Поради голем интерес набавени повеќе вакцини против сезонски грип

Post Views: 0 Од 15ти октомври започнува вакцинирањето против сезонски грип. Но поради големиот интерес на граѓаните во Центарот за јавно здравје во Охрид веќе се вакцинирале десетина лица. Вакцината е од холандски производител и е од истата фирма како и лани а штити од четири типа на грип и тоа тип А, тип Х1Н1 и тип А Х3Н2 и тип Б. Оваа година се набавени 3000 дози на вакцини. Имаме 500 вакцини повеќе од лани бидејќи минатата година интересот за вакцинирање беше голем па не ни стуигнаа тие што ги имавме набавено па пациентите ги препратувавме во другите центри за јавно здравје, вели...

Continue reading

American Express отпушта повеќе од 4.000 работници

Post Views: 0 American Express оваа година ќе укине повеќе од 4.000 работни места, најави еден од директорите на таа компанија откако компанијата известила за поголеми од очекуваните трошоци и резервации за проблематични заеми. Оваа најголема компанија за кредитни картички вработува 63.000 лица, па најавените отпуштања се околу 6% од вкупниот број на вработени. Цената на акцијата на компанијата по објавувањето паднала за 2,3%, на 85,62 долари. American Express, кој во последните неколку години ги намалува трошоците за да го неутрализира спориот раст на приходите, објави дека расходите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top