Опасен напукнат ѕид од конакот во близина на црквата Богородица Перивлепта

Опасен напукнат ѕид од конакот во близина на црквата Богородица Перивлепта. Последните дождови го оштетиле објектот во фаза на реконструкција.  Од ОУ Св Климент Охридски стравуваат за безбедноста на учениците и минувачите. Од завод и музеј  смируваат ситуацијата  е под контрола и нема да дозволат влошување на состојбата. 

 |  Валентина Неловска  | 

Ѕидот на конакот во близина на црквата Богородица Перивлепта е опасен по појавата на напукнатина  по обилните врнежи од дожд овој викенд. Објектот е во фаза на  реконструкција и е во близина на ОУ Св Клиемнт Охридски. Од училиштето стравуваат ѕидот да не се сруши бидејќи во негова близина  секојдневно поминуваат ученици и минувачи, посочува  Јордан Пуроски директор на ОУ „Св. Климент Охридски“. Директорот додава утрово испратиле  допис со реакција  до Завод И Музеј.
„ Тоа е реална опасност. Писмено се обративме до Завод и Музеј. Побаравме комисија да излезе на увид и да кажат како ќе го санираат ѕидот. Тука поминува училишниот превоз, возила  и минувачи, ѕидот нема цемент туку е граден со кал и камен и треба што побрзо да се реагира за да не дојде до несакани последици“, посочува Пуроски.

Покрај овој проблем училиштето се соочува со уште една реална опасност. Свлечиштето кое се наоѓа во непосредна близина на училишната ограда кај бедемот Дебој во непосредна близина на поранешното училиште Св. Сава. Дупката се појави по поројните дождови и снегови во месец февруари годинава и сеуште не е санирана. Од училиштето апелираат што поскоро да се санира и овој проблем.  

„За време на одморите додека се држи наставата ставивме забрана учениците да не се движат во тој дел од училиштето. Но, по завршувањето на наставата  децата се движат  и играат, а таму е опасно. Надлежните во најбрз рок да го санираат свлечиштето“, порачува Пуроски.

За стариот проблем со свлечиштето за кој ТВМ во неколку наврати информираше, повторно го контактиравме секторот за комунални дејности и сообраќај. Од таму информираат дека по нивните два пропаднати обиди самостојно да го решат проблемот сепак побарле стурчна помош од Завод и музеј. Издвоиле пари за финансирање на проектот кој треба да го сработи  Завод и музеј, укажува Љупчо Танески  портпaролoт на Секторот за комунални дејности.

„Со рокови не би се врзувал но на последната средба беше договорено во најбрз можен рок да се изработи преоктот за решавање на овој проблем. Се надеваме да почне со градење пред почетокот на зимата. Општина Охрид го презеде финансискиот товар и се чека на Завод и музеј. За опасноста ние примаме повици и од населението за тој потег,“ напоменува Танески.

ТВМ го контактираше Завод и Музеј за двата проблеми кои го засегаат основното училиште „Св. Климент Охридски“. Тања Паскали Бунташеска директорот  на Завод и музеј кажа дека денес имале состанок за напукнатиот ѕид. Истакна дека нема да дозволат состојбата со ѕидот да се влоши и да ја  загрози безбедноста на учениците и минувачите. Паралено работеле и на проекто за саниарње на свлечиштето.

{loadpostion content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top