Post Views: 5
Невремето кое ја зафати југоисточна Кина донесе рекордни снежни врнежи, поради што постои загриженост за греење, бидејќи годинава во истите области имаше проблеми со струјата.
Во градот Шенјанг, провинцијата Лиаонинг, просечната висина на снежната покривка достигна 51 сантиметар, што е најголема количина забележана во последните 116 години, односно во 1905 година.
Едно лице загина во соседна Монголија, а снежните врнежи ги погодија повеќе од 5.600 луѓе, пренесува Кликс.
Метеоролозите тврдат дека снегот наеднаш го покрил градот Тунгља. Вкупно 27 црвени снежни аларми...
Post Views: 1
Отпочнаа градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид. Градоначлникот на Охрид Никола Бакречески, заедно со неговиот тим и стручните служби во Локалната самоуправа успеаа за година и пол да остварат едно големо ветување дадено на граѓаните на Охрид, да реализираат еден од најкапиталните проекти за градот во последниве десеттина години. Со овој проект ќе се врати духот на водените спортови, пливањето и ватерполото. Како што истакна Бакрачески, изминатиов период успеале да ги подготват сите потребни документи, од урбанистичко плански документации,...
Post Views: 11
Со проектот „Големиот Чајковски”, Националната опера и балет вечерва на Античкиот театар свечено ќе го отвори 61-то издание на фестивалот „Охридско лето”. Спектакуларниот проект, како што го најавуваат организаторите е составен од балетската трилогија „Лебедово езеро” „Оревокршачка” и „Заспаната убавица”, како и извадоци од балетот „Ана Каренина” и од операта „Евгениј Онегин”. На сцената ќе учествуваат над 90 уметници, а диригент е Бисера Чадловска. Приоритет во годинешната програма на фестивалот се македонски уметници кои...
Post Views: 3
Во текот на денешната обиколка на Охрид и охридско, прво ја посетија новоотворената Филмска академија каде што ги увидоа условите за работа на оваа институција. Следуваше свечено пуштање во употреба на реконструираната улица „Ристо Чадо“, една од поважните сообраќајници во градов, која години наназад беше во катастрофална состојба.
Се направи увид и на неодамна реконструираната улица „Илија Смически“ во село Лескоец, која им создаваше доста потешкотии во секојдневното функционирање на мештаните во ова село. Го посетија и Велгошти, каде што продискутираа за актуелните...
Post Views: 9
Во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на ОО на СДСМ Охрид испратено до нашата редакција стои:
Почитувани граѓани,
За денешната посета на Никола Груевски во Охрид голем број вработени во јавната администрација и локалната самоуправа биле принудувани да го напуштат работното место за да присуствуваат на настаните од неговата агенда.Тоа е уште една потврда дека граѓаните го напуштија Никола Груевски. Осамен, Груевски ги принудува вработените во администрацијата и локалната самоуправа да го пополнуваат слабото присуство за време на неговите посети. На вработените...
Post Views: 1
Милитантите на Исламската држава објавија видео од егзекуција и на вториот јапонски новинар, а се утврдува автентичноста на снимката.
Kenji Goto, ако се верува на снимката од Исламската држава, е егзекутиран како и неговиот сонародник Haruna Jukawa пред една седмица, јавува Reuters.
Јапонската влада се обидува да ја утврди автентичноста на снимката која е објавена на интернет. Нивниот портпарол го осуди овој чин, пишува Sky News.
Да потсетиме, Haruna Jukawa е погубен по истекот на ултиматумот кој милитантите на Исламската држава им го поставија на властите во Токио....
Post Views: 5
Пратеникот од редовите на СДСМ Томислав Тунтев ги информира своите сограѓани дека отвори пратеничка канцеларија во Охрид. Канцеларијата се наоѓа во објектот на ЈП Комуналец во градскиот пазар кај наплатниот пункт, на крајот од ходникот на прв спрат. Канцеларијата работи секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот, а средбите со граѓаните ќе се реализираат во петок или во сабота, во зависност од неговите обврски во Собранието на Република Македонија.
Своите идеи, забелешки, барања и сугестии, граѓаните можат да ги доставуваат секој ден во Пратеничката канцеларија, преку...
Post Views: 2
Замп се обидува на мала врата да го протне новиот предлог правилник со тарифа на користење на авторски музички дела со нереално високи ставки, обвинуваат засегнатите субјекти. Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија бара ревидирање на Предлог-правилникот со тарифа на користење авторски музички дела, подготвен од Здружението за заштита на авторски музички дела – ЗАМП. На 28-ми октомври 2015 година, Собранието на ЗАМП го одобрило Предлог-правилникот и објавило јавен повик во рок од 30 дена заинтерсираните страни да достават...
Post Views: 10
Избрани лауреатите за наградата “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година. Според резултатите од гласањето на Фејсбук и гласовите на членовите на жирито, четирите награди за “Најдобар промотор на Македонија” за 2011 година појдоа во рацете на: Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, охриѓанецот Љупчо Јузмески во категоријата туризам, извоз и претприемништво, Македонска кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов, кој освои најголем број на гласови од јавното гласање. Оваа година жирито додели и три еднакви...
Post Views: 50
Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далеководи на преносната мрежа на потегот Ресен- Охрид– Струга, денес, 12- ти ноември, во периодот од 11:00 до 14:00, можни се повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса.
Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична...
Post Views: 9
Гостите од хотел Дрим, во првиот ден од Новата 2011 год. ручаа со лебедите. На присутните, менаџерскиот ти на хотелот им понуди традиционална македонска храна. Гостите позитивно изненадени и задоволни од специјалитетите, амбиентот но и уникатната идеја.
Традиционална македонска храна, топла ракија, топло вино, ѓомлезе… е дел од трпезата која им беше поставена на гостите од хотелот Дрим. Присутните и покрај студеното време, сепак презадоволни од идејата, храната и уникатната идеја на хотелскиот менаџерски тим.„Ручек со лебедите“, нова понуда, која за своите гости...
Post Views: 4
Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски денес во посета на Охрид.
Заедно со градоначалникот Никола Бакрачески ќе присуствува на свеченоста по повод почетокот на изградба на затворениот базен во Охрид.
Покрај тоа предвидено е Груевски да ја посети Филмската академија, по што со градоначалникот Бакрачески свечено во употреба ќе ја стават реконструираната улица „Ристо Чадо“.
Според најавите, премиерот ќе оствари средби со жителите на Лескоец и Велгошти.