Во Охрид отворена пратеничка канцеларија на Томислав Тунтев

Во Охрид отворена пратеничка канцеларија на Томислав Тунтев .

 |  Валентина Неловска  | 
tuntev

Пратеникот од редовите на СДСМ Томислав Тунтев ги информира своите сограѓани дека отвори пратеничка канцеларија во Охрид. Канцеларијата се наоѓа во објектот на ЈП Комуналец во градскиот пазар кај наплатниот пункт, на крајот од ходникот на прв спрат. Канцеларијата работи секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот, а средбите со граѓаните ќе се реализираат во петок или во сабота, во зависност од неговите обврски во Собранието на Република Македонија.

Tuntev

Своите идеи, забелешки, барања и сугестии, граѓаните можат да ги доставуваат секој ден во Пратеничката канцеларија, преку електронска пошта на следниве е-маил адреси: leonora.noveska@hotmail.com                     t.tuntev@sobranie.mk
или на телефон 078 408-340 и 070 404-249.

Тунтев ги  повикува сите заинтересирани граѓани на Охрид, кои имаат предлози, теми и идеи за нови законски решенија, за измени и дополнувања на постоечките, за јавни и надзорни расправи, за пратенички прашања или за други работи од надлежноста на Собранието, да повелат во Пратеничката канцеларија или да остварат контакт со него.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top