Post Views: 1
На 05.01.2022 година во СВР Охрид, приведен е Б.Т. (33) од Охрид кој претходно е фатен при вршење кражба во куќа на улицата „Винковачка” во Охрид.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 8
Од Дебарско- кичевската епархија информираат дека на 21- ви ноември,сабота, во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на свети Архангел Михаил“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На 22 ноември, недела, во манастирот „Света Петка“ во село Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Преподобна Матрона“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство,...
Post Views: 2
Градоначалникот Константин Георгиески, денеска оствари средба со амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри.
Градоначалникот Георгиески упати искрени честитки до амбасадорот Силвестри за спортскиот успех на Италјанската фудбалска репрезентација и освоената европска титула на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020.
Во рамки на средбата, амбасадорот Силвестри искажа силна поддршка и ги поздрави заложбите на Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и владеењето на правото. Истакна...
Post Views: 1
По завршување на истражната постапка и прибирање на сите потребни докази во предметот, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид во Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен акт против екс градоначалникот на Охрид, за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.
Осомничениот се товари дека во март 2013 година, како службено лице – градоначалник на општина Охрид, ги пречекорил границите на своето службено овластување, бидејќи во постапка за доделување договор за краткотраен закуп на паркинг простори со јавно наддавање овозможил...
Post Views: 2
Почеток на крајот на проблемите на Лескоец со водоснабдителниот систем. Во моментов по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици се работи на поставување на новата водоводна линија која беше најавена летово, а која треба еднаш засекогаш да ги реши проблемите на лесковчани со снабдувањето со вода, особено во летните месеци кога тие беа и најизразени. Станува збор за зафат кој ќе се спроведува во три фази, а во моментов се поставува водоводната инфраструктура на самиот влез од Лескоец, во непосредна близина на седиштето на ЈП “Градски гробишта”.
“Во...
Post Views: 6
Мерките за безбедност се превземени поради сомнителен автомобил кој бил воочен во улицата Montoyer.
Полицијата делумно го евакуирала Европскиот парламент во Брисел откако било приметено сомнително возило со наводно вооружен маж.
Како што пишуваат локалните медиуми, утрово се случил сличен инцидент и пред американската амбасада во Брисел, а се утврдило дека е во прашање лажен аларм.
Медиумите наведуваат дека во последните три седмици во Белгија имало 13 лажни дојави за бомби.
“Такви дојави има повеќе од вообичаеното. На тоа секако влијаеа нападите во Париз, поради кои...
Post Views: 5
За да се вози по улицата Сатеска треба голема умешност. Граѓаните се жалат дека ги искршиле своите автомобили поради прекопите кои се наоѓаат на самиот коловоз и кои е многу тешко да се избегнат. Ваквата состојба е од пролетта, кога на улицата се вршеле зафати за поставување атмосферска канализација. Овој проблем, кој ги тангира жителите од урбаната заедница Воска, на последната седница на советот на општина Охрид го истакна и советничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамоска Секулоска.
Во име на граѓаните од оваа урбана заедница апелирам што побрзо улицата да...
Post Views: 20
Дијабетот како болест на совремното живеење не ги заобиколува ниту децата. Возрасната граница од ова заболување се повеќе се намалува. Во ОУ Христо Узунов се одбележа светскиот ден за борба против дијабетот. Основците од Христо преку предавања се едуцираа како да се заштитат од оваа болест.
Во фискултурната сала на училиштето утрово беше раздвижено. Основците спортуваа и се натпреваруваа. Ученците од повисоиките класови заедно со своите наставници пак, пешачеа до манастирот Св Атанасиј. На покана од училиштето, за учениците од 8 одделение се одржа предавање за дијабетот...
Post Views: 4
Иако претходно беше наведувано дека зацртаната замена на сегашните здравствени книшки со чип-картички граѓаните нема да ги чини ништо, Владата се премислила и сега тие ќе се наплаќаат по 120 денари.
Тоа го предвидуваат измените на Законот за здравствена заштита.
Министерот Тодоров признава дека владата ги пренаменила парите за бесплатни здравствени картички. Но според Тодоров тие 2 евра по жител не се многу пари за луѓето, а парите кои требало да се потрошат за електронските легитимации ќе се употребеле за набавка на два ацелератори за лекување на болните од рак.
{loadposition...
Post Views: 1
Ќе се прават мини зелени пазарчиња на неколку локации во градов. Од ЈП „Градски пазар“ најавуваат дека онаму каде што во моментов имаат поставено тезги за продажба на зеленчук и овошје од индивидуални производители, се планира да се постават десеттина тезги кои ќе бидат убаво осмислени и функционални. Во тек е изготвувањето на проектната документација и на проектот со кој ќе биде осмислен просторот. Мини пазарчињата ќе ги имаат сите потребни услови за работа. Ќе има струја вода и тоалети.
„Работиме интензивно на тоа. За брзо време ќе имаме и градежни активности. Се надевам...
Post Views: 0
Спора и задоцнета реакција на струшката општинска администрација. На последната седница на советот на општината, струшките советници наместо да гласаат за донесување на некои од ставките на предлог на буџетот на општина Струга, всушност гласале за истите тие ставки, но за град Скопје. Претседателот на советот на Општина Струга, Џеваир Беќири вели дека не станува збор за некој голем пропуст.
Беќири додава дека за грешката им било укажано од Секторот за финансии и дека станува збор за техничка грешка, па како таква и ја прифатиле. Претседателот потенцира дека речиси...
Post Views: 9
Уништени сообраќајни знаци не ретко може да се забележат на повеќето улици во градов. Искршени, искривени, исшкртани сообраќајни знаци можат да се забележат на повеќе улици во општинава, проблем што постои подолго време. Кружните текови посебно се на нишан на несовесните сторители, па така не ретко се случува на кружниот тек во непосредна близина на болницата, возачите, патот за Битола да го бараат во населба Бараки, како што кажаа жители од оваа населба. Од секторот за комунални дејности сообраќај и улици тврдат дека не станува збор за погрешно поставена вертикална...