Сообраќајните знаци во Охрид, мета на вандали

Сообраќајните знаци во Охрид постојано мета на вандали. На некои од нив, дури и патоказите им се извртени, а тоа ги збунува возачите. Од Локалната тврдат дека нивните стручни екипи правилно ја поставуваат вертикалната сообраќајна сигнализација, но несовесните  граѓани постојано ги кршат знаците или ги прскаат со спреј.

 |  Николоска Биљана  | 

Уништени сообраќајни знаци не ретко може да се забележат на повеќето улици во градов.  Искршени, искривени, исшкртани сообраќајни знаци можат да се забележат на повеќе улици во општинава, проблем што постои подолго време. Кружните текови посебно се на нишан на несовесните сторители, па така не ретко се случува на кружниот тек во непосредна близина на болницата, возачите, патот за Битола да го бараат во населба Бараки, како што кажаа жители од оваа населба. Од секторот за комунални дејности сообраќај и улици тврдат дека не станува збор за погрешно поставена вертикална сигнализација.

„Вертикалната сигнализација буквално на сите патишта во Охрид е соодветно и правилно поставена но знаете дека посебно сообраќајните знаци се мета на несовесни граѓани и вандали. Тие собраќајните знаци или тотално ги уништуваат или ги прскаат со спрејови или пак вртење на вертикалната сигнализација во сосем друг правец или насока со што би се стекнал погрешен впечеток на учесниците во сообраќајот“ – вели Танески.

Најчесто знаците се кршеле, шкртале или краделе во доцните ноќни часови, како што појасни портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески.

„Обично овие вандалски чинови се вршат во ноќните часови кога фрекфенцијата на возила и пешаци е драстично помла. Во постојана корелација сме со техничките екипи на СВР Охрид кои што се занимаваат со оваа проблематика но факт е дека инспекциските и полициските служби не можат да постигнат онолку колку што вандалите можат да уништат“.

Танески апелира, вертикалната сигнализација и сите останати општествени блага да не бидат цел и мета на вандали, бидејќи познато е дека тие се плаќаат со средства од буџетот на општина Охрид. Секоја повторно поставена вертикална сигнализација претставува дополнителен терет, кој општината тешко го поднесува. Инаку, сообраќајните знаци ги поставува фирма најмена од одделението за сообраќај при секторот за комунални дејности, по претходно добиена дозвола од СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top