На неколку локации низ градов ќе се прават мини зелени пазарчиња

Во тек е изготвувањето на проектната документација.

 |  Голабовски Крсте  | 
pazarce

pazarceЌе се прават мини зелени пазарчиња на неколку локации во градов. Од ЈП „Градски пазар“ најавуваат дека онаму каде што во моментов имаат поставено тезги за продажба на зеленчук и овошје од индивидуални производители, се планира да се постават десеттина тезги кои ќе бидат убаво осмислени и функционални. Во тек е изготвувањето на проектната документација и на проектот со кој ќе биде осмислен просторот. Мини пазарчињата ќе ги имаат сите потребни услови за работа. Ќе има струја вода и тоалети.

„Работиме интензивно на тоа. За брзо време ќе имаме и градежни активности. Се надевам дека се ќе тече во најдобар ред и на задоволство на граѓаните ќе направиме убави катчиња каде ќе можат да пазарат и кои ќе се поблиску до нивните домови“, вели Тони Коталески, директорот на ЈП „Градски пазар“.

pazarceГраѓаните се во исчекување да започнат и работите за изградба на главниот градски пазар. Коталески објаснува дека секој момент очекуваат инвеститорот да ја добие дозволата за градба и да започне со изградба на новиот затворен зелен пазар. Околу дислокацијата на пазарот сеуште во опција се трите локации кои и претходно се спомнуваа, односно кај новата автобуска станица, кај КАМ маркет и на паркингот кај сегашниот пазар.

„Сите оние кои имаат тезги на градскиот пазар ниту еден ден нема да останат без работа. Ние сме подготвени веднаѓ ѓтом започнат градежните работи да ги дислоцираме и тие да си продолжат да ја обавуваат својата дејност“, вели Коталески.

СЕ изготвува проектот и за отварање цветен пазар. Оваа идеја постои повеќе години, но до почетокот на пролетта најверојатно ќе се реализира, вели Коталески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top