Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата

Post Views: 0 Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата. Градоначалникот Кирил Пецаков, кажа дека на негова иницијатива се организирани оваа и неколку средби претходно со сопствениците на имоти и Министерството за животна средина и просторно планирање. Сфатив дека има нејаснотии меѓу сопствениците и МЖСПП и оние кои ги предложуваат законските решенија. Увидов дека не се поклопуваат работите кои ги перцепираат сопствениците и законските решенија – истакна Пецаков. Томе Ѓорески, претставник на мнозинството на граѓани сопственици на имоти...

Continue reading

свр

Кривична за турски државјанин за Фалсификување исправа

Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.О.(44) од Истамбул Република Турција. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Охрид, му определи мерка притвор во траење од осум дена. СВР Охрид, имајќи сознанија за  нелегално присуство на турски државјанин кој поседува турски и најверојатно фалсификувани бугарски документи  со различен идентитет, на 27-ми минатиот месец изврши претрес во домот на пријавениот лоциран на  улицата ,,Даме Груев“ во Охрид. Притоа, пронајдена е, и одземена...

Continue reading

Реките загадувачи забрзано го задушуваат она што постои повеќе од милион години во езерото

Post Views: 6 Сатеска, Велгошка и Коселска, реките кои го сочинуваат крвотокот на охридскиот слив  извираат од недопрената природа на Илинска, Плаќенска Планина, горен слив на Дебрца. Но, кристално чистите водотеци на својот пат кон Охридското езеро доаѓаат во допир со човекот. Во долните текови кои минуваат низ населени места, бреговите се деградирани со диви депонии од комунален и градежен шут, обраснати со вегетација, наталожена тиња измешана со отпадоци. Велгошка Река, позната  како  Сушица  или Грашница  во долниот  тек,  прима  отпадни  води  од охридската  индустриска  зона,...

Continue reading

trotoari

Локалната ќе работи и на реконструкција на тротоарите долж Туристичка за заокружување на целината

Post Views: 3 Охриѓани ќе добијат современи пешачки и велосипедски зони со цел да се заокружи целината заедно со новите кружни текови. Портпаролот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Љупчо Танески вели дека вакви пешачки зони иако не било предвидено биле изградени и околу новите кружни текови. Со одлука на градоначалникот Бакрачески, ЈП Нискоградба ја добило задачата да ги изврши овие градежни активности. За да не постои разлика помеѓу старо и ново поставените бекатон плочки, Танески вели дека ќе се погрижат во проектот за реконструкција на тротоарите долж „Туристичка“. „Булеварот...

Continue reading

socijalen slucaj

Брачниот пар Ѓеорѓиески останува без покрив над главата

Post Views: 7 Денес е 1ви февруари, за нас само прв ден во месецот, но за Сашо и Гина Ѓеорѓиески, ова е денот кога треба да ги соберат оние малку работи кои ги поседуваат и да се иселат од станот каде досега живееја под кирија. Мора да заминат бидејќи немаат од каде да платат кирија, а веќе должат за неколку месеци наназад. Плинската боца со која се топлат полека догорува, кога ќе се потроши, ќе нема и на што да се топлат. Велат, сопственикот на станот им понудил да му платат половина од парите кои ги должат за кирија, но Сашо вели дека немаат ниту за половина. Сопругата му е невработена,...

Continue reading

Наскоро телефоните ќе се полнат само за една минута

Post Views: 0 Тим на Универзитетот во Тел Авив, задолжен за нанотехнологија, сосем случајно при истражување на алцхајмеровата болест, дошол до технологија потребна за брзо полнење на батерија. Спрема нивните резултати, посебна молекула на пептид може значително побрзо, како сунѓер, да впие електрично полнење, за разлика од обичните батерии на денешните паметни телефони. Компанијата која ќе ја развива оваа нова батерија се вика StoreDot, чие седиште е исто така во Израел. За жал оваа батерија ќе има еден недостаток, а тоа е помал капацитет од постоечките, но ако е возможно да се наполни...

Continue reading

Каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов

Post Views: 1 Се чекаат завршните сметки за да се види каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов. Граѓаните прашуваат во каква кондиција се наоѓаат, дали работат рентабилно, дали имаат загуба во работењето, но од Локалната самоуправа сеуште немаат комплетни податоци за тоа. Велат дека  се обработуваат бројките со кои јавните претпријатија ќе излезат пред граѓаните и ќе дадат отчет. Ние знаеме дека најтешка е ситуацијата во МЈП “Проаква“, па потоа во ЈП „Комуналец“, а најповолна е во ЈП “Нискоградба“, „Градски гробишта“ и „Градски пазар“, но  конкретни податоци сеуште немаме....

Continue reading

опстина

Адвокатскиот тим на Општина Охрид подготвува тужби за Охрид SOS

Post Views: 0 Локалната самоуправа со соопштение реагираше на јавно изнесените ставови на еколошкото движење, нарекувајќи го „правно непозната и наводна невладина организација“. Охрид СОС вчера преку соопштение до јавноста ја обвини општината дека го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема, со што се избегнува јавноста во процесот, како и за прекршување на голем број закони, за што најави дека ќе бидат алармирани домашни и меѓународни институции и организации. Според општината, пак, таквите обвинувања се лажни и сензационалистички,...

Continue reading

pozar

Девојка го предизвикала пожарот во Струмица

Post Views: 2 Полицијата го откри лицето кое го предизика пожарот во Струмица, во кој со повреди се здобија 14 лица, од кои две починаа. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Струмица станува збор за 24-годишната струмичанка Е.М. против која ќе биде поднесена кривична пријава за предизивикување општа опасност. Девојката пред два дена меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеала, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано „Ч,млк“...

Continue reading

плаошник

Литургија по повод празникот „Св. апостол Тимотеј“

Post Views: 1 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 февруари 2016 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети апостол Тимотеј“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичев-ски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Continue reading

patron

Џанан Темо пред бистата на својот дедо

Post Views: 2 Струшката гимназија „Др Ибраим Темо“, денес со пригодна свеченост го одбележа својот патрон. Во рамките на свеченоста главен акцент се стави на откривањето на бистата на Др Ибраим Темо. Овој чин се одвиваше во присуство на претставници на фамилијата Темо од Турција, кои специјално за овој повод пристигнаа во Струга. Внукот на Др. Ибраим Темо, Џанан Темо, рече оти денес во Струга пред бистата на својот дедо се чуствува како дома и е  многу возбуден. Интернет страниците понекогаш прават чуда и невозможните работи ги прават возможни, рече Проф. Линда Шех. Таа додаде дека...

Continue reading

плаза

Охрид SOS vs Оштина Охрид за Лагадин

Post Views: 0 Од еколошкото движење Охрид SOS со обвиниувања до Општина Охрид дека го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема, со што се избегнува јавноста во процесот и покрај официјалниот приговор на месното население против реализацијата на овој план. Фрапантно и отворено незаконско однесување од страна на државните институции и покрај официјалниот приговор против градење медитеранска плажа што го потпишаа 99% од сопствениците на имоти во Лагадин, а МЗ Лагадин го достави до Општина Охрид уште во мај минатата година, се вели...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top