Џанан Темо пред бистата на својот дедо

Џанан Темо, внукот на Др. Ибраим Темо, во Струга. Тој денес беше почесен гостин во струшката гимназија која го носи името на неговиот дедо, а по повод одбележувањето на патронот на гимназијата. Фамилијата Темо од Турција донираше средства за биста со ликот на Ибраим Темо , која денес беше откриена во училишниот двор.

 |  Билјана Николоска  | 
patron
патрон

Струшката гимназија „Др Ибраим Темо“, денес со пригодна свеченост го одбележа својот патрон. Во рамките на свеченоста главен акцент се стави на откривањето на бистата на Др Ибраим Темо. Овој чин се одвиваше во присуство на претставници на фамилијата Темо од Турција, кои специјално за овој повод пристигнаа во Струга. Внукот на Др. Ибраим Темо, Џанан Темо, рече оти денес во Струга пред бистата на својот дедо се чуствува како дома и е  многу возбуден.

Интернет страниците понекогаш прават чуда и невозможните работи ги прават возможни, рече Проф. Линда Шех. Таа додаде дека еден таков пример е првиот контакт со фамилијата Темо.

Директорот на гимназијата Урим Крека, рече дека денешниот ден и повод е само уште една потврда дека струшките гимназии функционираат во позитивна насока на воспитно образовниот процес. Додаде дека посебно е почестен од присуството на големиот број гости од земјава и однадвор.

patronНа одбележувањето на патронот присуствуваа истакнати личности од општествениот и јавниот живот во Струга, а бистата на ДР. Ибраим Темо ја откри градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, директорот на гимназијата како и внукот на Др Ибраим Темо,  Џанан.

Вечерва во домот на културата „Браќа Миладиновци во Струга ќе има и свечена академија по повод ликот и делото на Др. Ибраим Темо, во 20 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top