Post Views: 6
Раководството на ОО на ПОДЕМ од Струга ги засука ракавите. Претседателот на оваа струшка опција Науме Кутаноски, вели дека веќе мириса на парламентарни избори и во таа насока започнале со подготовки.
„За прв пат во парламентарниот живот во Струга, ПОДЕМ формира и три таканаречени урбани изборни штабови, во градот Струга, кои ќе ги опфаќаат колективните стамбени згради. ПОДЕМ, Струга наредната недела свечено ќе ги промовира своите партиски простории од каде ќе се координираат сите предизборни и изборни активности. ПОДЕМ Струга како силен политички субјект на политичката...
Post Views: 4
Улицата „АСНОМ“, една од најдолгите улици во градов, годинава ќе помине само со крпење на ударните дупки. Жителите на оваа улица ќе мора да почекаат за нејзина целосна и темелна реконструкција по теркот на неодамна реконструираните „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“.
„Во тековната 2016та година покрај предвидената реконструкција на тротоарските површини, планираме и крпење на ударните дупки долж улицата „АСНОМ“ во рамките на тендерот кој што се приготвува во одделението за јавни набавки за крпење на ударни дупки, прекопи и навлаки на улиците на територијата на Охрид, каде што...
Post Views: 3
Екипите на ЈП Охридски Комуналец подигнаа 4 кубици диво депониран отпад во поранешна Касарна. За чистење на дивите депонии користеа механизација. Секојдневно, расчистуваат и по 16 метри кубни диво депониран отпад од локации каде што е казниво според Законот за јавна чистота. За да се справат со грдата слика на терен кои ја прават несовесните лица, наскоро ќе има нова можност, информира Стевчо Маслов од ЈП „Охридски Комуналец“.
„Решивме да направиме едно депо во кругот на механизација каде граѓаните ќе може да го депонираат таквиот отпад. Зборуваме за кабаст и зелен...
Post Views: 1
Туристичкиот бисер Охрид, ќе добие Конгресен центар. Нашиот град има потенцијал да го развива конгресниот туризам, а тоа може да се постигне со изградба на еден претставителен Конгресен центар, какви што постојат во речиси сите европски држави. Како што обелодена градоначалникот Никола Бакрачески изградбата треба да започне идната година во населбата Даљан на атрактивна локација покрај брегот на Охридското езеро. Бакрачески нагласи дека обврската за изградба на Конгресниот центар вклучувајќи и прибавување на потребна планска документација е на државното претпријатие...
Post Views: 1
Фудбалерите од ФК „Јавор“ од Ивањица, Србија се на зимски подготовки во Охрид. Тренираат на СРЦ Билјанини извори. Во моментов покрај Јавор на подготовка се уште 4 фудбалски тимови од српката супер лига. Тренерот и шеф на стручниот штаб на ФК „Јавор“, Младен Додиќ напоменува дека Охрид го привлекло нивното внимание со одличните услови. Очекуваат понатамошни вложувања во инфраструктурата, за оваа дестинација која има оддлични услови за спортски туризaм во зима, дa биде конкурентна на европските. Додиќ напоменува зошто нивниот фудбалски клуб по минатогодишните...
Post Views: 11
Филмот „Ана Франк“ на учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид влезе во селекција на поголем број аматерски филмови од Македонија и беше прикажан на „Вечер на филмски аматери“ во Скопје, што се одржа во организација на Кинотека на Македонија.
Филмот беше проследен со внимание од страна на публиката, а авторот на филмот, Никица Мишева, за учеството прими пригодна награда.
Инаку, играно-документарниот филм „Ана Франк“ за првпат беше прикажан минатата година во рамките на проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“ во организација на Меморијалниот центар...
Post Views: 3
Користењето на мобилните телефони за време на возењето се зголемило за околу 50% во однос на 2008 година а возачите најчесто за време на возењето ги проверуваат новитетите на социјалните мрежи, односно објавувааат статуси и праќаат пораки. Неодамна спроведеното истражување во Велика Британија, чии резултати се објавени на Yahoo, покажало дека 1,5% од возачите ги користат мобилните телефони и за време на возењето, а една од најголемите причини за користење на мобилниот телефон за време на возењето е зависноста од социјалните мрежи, при што најголем број на луѓе се зависни...
Post Views: 1
Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сревисот на Локланата самоуправа поднесени се 529 барања на граѓаните. Секојдневно се доставуваат и по десетина барања, објаснува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ.
Граѓаните треба да внимаваат. Само оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, вели Џамтоски.
Доколку и има некакви обиди за легализација на...
Post Views: 10
Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески, денес свечено ја пушти во употреба новата улица „Сирма Војвода“. Со тоа е решен еден долгогодишен горлив проблем на жителите на овој потег кој во зима газеа во кал до колена а на лето се давеа од прашина. Асфалтирана е површина од 1500 метри квадратни со квалитетен асфалт, со дебелина од 7 см во должина од 250 метри и 6 метри ширина информираше првиот човек на градот Никола Бакрачески.
„Остана да во наредниот период за не повеќе од еден до два месеци ќе биде поставено комплетно ново осветлување на оваа улица, она...
Post Views: 4
Годинава Македонија слави 109 години од Илинденското востание и 68 години од Првото заседание на АСНОМ.
Во чест на големиот македонски државен празник, висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за одбрана Фатмир Бесими, положи цвеќе пред спомениците на истакнатите македонски дејци.
Покрај владината делегација на Илинденците и борците од НОБ почит им оддадоа и Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Делегацијата на Кабинетот на...
Post Views: 0
Со дарување крв, охридската полиција повеќе се доближува до граѓаните. Денес вработените во СВР Охрид и Регионалниот Центар Запад гранична полиција, даруваа крв во рамки на 4-те редовни годишни крводарителски акции кои се одржуваат во службените простории на секторот. Во денешната акција беа собрани околу 30 единици крв, информираше полицискиот гласноговорник Стефан Димоски. Додаде дека е задоволен од одзивот на неговите колеги.
„Во однос на реализацијата на оваа акција можам да кажам дека во текот на изминатата 2015 година беа организирани три крводарителски акции....
Post Views: 1
Заврши реализацијата на шест месечниот проект „Разликите се наша предност“. Невладиниот сектор од Струга, го обели образот на општината и се издвои како добар пример на ова поле. Изминатиов период НВО „Езерка“ во соработка со Здруженијата „Толеранца“ и „Пунте“, покажаа како може во мултиетничките средини како што е тоа општина Струга да се постигне добра соработка и толеранција, секако со работа, вели Елена Грозданова од Министерството за труд и социјална политика.
Драгица Павлеска Попеска, од НВО „Езерка“, задоволна од сработеното смета дека овој проект треба да продолжи...