• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси

Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси

Охриѓани брзаат да го запазат рокот за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Секојдневно се доставуваат и по десетина барања, објаснува портпаролот на Локалната. Уште еднаш нагласува дека можат да се легализираат само  оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Кај охриѓани има голем интерес за легализација на бесправно изградените објекти и тераси. Досега до сревисот на Локланата самоуправа поднесени се 529 барања на граѓаните. Секојдневно се доставуваат и по десетина барања, објаснува портпаролот на Локалната, Томе Џамтоски. Тој додава дека охриѓани брзаат да го запазат рокот кој го даде Владата на РМ.

Граѓаните треба да внимаваат. Само  оние објекти кои се изградени до 3ти март 2013та година можат да се легализираат. Се останато нема право да биде легализирано, вели Џамтоски.

Доколку и има некакви обиди за легализација на објекти кои се изградени после 3ти март 2013та година нема да поминат со позитивен епилог, кажува портпаролот на Локалната. Џамтоски објаснува дека државата нашла мехамизми како да се заштити од ваквата појава.

Ние како Локална самоуправа, односно нашиот инспекторат ќе постапи по сите барање кои ги имаат доставено граѓаните, но инспекторите ќе одат на терен и ќе вршат фото документација со што ќе се утврди кога објектот е граден. Самите граѓани мислам дека се свесни за поставените правила бидејќи при оваа постапка тие потпишуваат изјава на нотар со која при некаква измама материјално, морално, па и кривично можат да одговараат, кажува Џамтоски.

Постапката за легализација трае до 31 март оваа година и доколку поднесувањето на барањата од страна на граѓаните продолжи со ова темпо, до крајот на март, конечната бројка ќе биде речиси двојно поголема од оваа што е сега. По завршувањето на рокот ќе започне постапката за регистрација на овие нови предмети.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top