Одбележување на Денот на Републиката

Со свежо цвеќе пред спомениците на Президиумот на АСНОМ, на првиот претседател, претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и пред споменикот на претседателот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто беше одбележан 2-ри август, денот на двата историски Илиндена.

 |   | 
delegacija
delegacija

Годинава Македонија слави 109 години од Илинденското востание и 68 години од Првото заседание на АСНОМ.

delegacija

Во чест на големиот македонски државен празник, висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за одбрана Фатмир Бесими, положи цвеќе пред спомениците на истакнатите македонски дејци.

Покрај владината делегација на Илинденците и борците од НОБ почит им оддадоа и Делегацијата на Собранието на Република Македонија, Делегацијата на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Делегацијата на АРМ, Делегацијата на Сојузот на борци од НОБ.

Свежо цвеќе положија и претставниците на дипломатско-конзуларните претставништва акредитирани во Македонија, партиските делегации, како и делегациите од Универзитетите во Македонија.

На споменикот на претседателот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, покрај споменатите, почит му оддадоа и претставниците од неговото семејство.

По положувањето на цвеќето, премиерот Никола Груевски им се обрати на присутните нагласувајќи дека Борбата за Македонија никогаш не застанува.

Во рамки на одбележувањето на државниот празник свое учество земаа и членовите на КУД „Танец“, кои облечени во традиционалната комитска носија првин ја отпејаа националната химна, а потоа се преставија со повеќе изворни македонски песни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top