Трета, но сигурна опција

„Времето е пред нас“. Под ова мото ОО на ПОДЕМ од Струга влетува во подготовките за парламентарните избори, кои според нив се се поизвесни.

 |  Билјана Николоска  | 
Podem
Подем

Раководството на ОО на ПОДЕМ од Струга ги засука ракавите. Претседателот на оваа струшка опција Науме Кутаноски, вели дека веќе мириса на парламентарни избори и во таа насока започнале со подготовки.

Podem„За прв пат во парламентарниот живот во Струга, ПОДЕМ формира и три таканаречени урбани изборни штабови, во градот Струга, кои ќе ги опфаќаат колективните стамбени згради. ПОДЕМ, Струга наредната недела свечено ќе ги промовира своите партиски простории од каде ќе се координираат сите предизборни и изборни активности. ПОДЕМ  Струга како силен политички субјект на политичката сцена во Струга, нека биде параметар тоа што на последните локални избори освоивме над петстотини гласа, иако бевме формирани само месец два пред изборите, го направи своето прво интерно истражување за расположението на гласачите за престојните парламентарни избори“, рече Кутаноски.

Од оваа партија се сметаат за трет политички субјект во општина Струга, со македонскиот гласачки електорат, одма после ВМРО – ДПМНЕ. Кутаноски веќе ги најави и насоките на неговата политичка определба за престојната кампања.

„Предизборната кампања ќе ја водиме со скромни средства, со средства од донации на граѓани и наши членови, а не со државни пари, при што најмногу ќе се фокусираме на дирекните контакти со граѓаните, потоа со медиумската покриеност на локалните електронски медиуми и со мошне симпатичен пропаганден материјал, но никако со подароци, прехрамбени продукти и др, зошто сметаме дека македонскиот гласач не треба до тој степен да го деградираме, потценуваме и омаловажуваме“, изјави Кутаноски. Од ПОДЕМ стојат на располагање за коалицирање со останатите политички партии, но најпрво и се понудиле на актуелната ВМРО– ДПМНЕ.

Како и да е во Струга на големо се чуствува предизборна атмосфера. Од младо до старо се погласно коментираат за тоа. Ачик е трката за прибирање политички партиски поени скоро кај сите политички блока на оваа општина. Но што од тоа ќе добијат стружани, останува времето да покаже.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top