Post Views: 3
И Охрид денес се обои во сино. Охриѓани го одбележаа меѓународниот ден за свесноста за аутизмот, 2ри април. Со интересен хепенинг на градскиот плоштад, Црвениот крст од Охрид, заедно со локалната самоуправа и Занаетчиската комора денес беше испратена порака за привлекување на вниманието на јавноста за постоењето на аутизмот.
„Овој проект, односно проектот „Сложувалка“ започна пред неколку недели, и ќе трае до крајот на мај, во соработка со Занаетчиската комора од Охрид и со занаетчиите, организираме креативни работилници во просториите на Црвен крст од Охрид, каде...
Post Views: 10
„Вози безбедно по кружен тек“. Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот започна нова кампања која ќе трае цела година. Како што истакна претседателот на Советот, Стефан Димоски, целта е да се вози безбедно по главната сообраќајна артерија во градов, „Булеварот Туристичка“, а со тоа да се реши и сообраќајниот метеж, кој посебно може да настане во текот на престојната туристичка сезона. Димоски истакна дека овој проект е многу важен бидејќи содржи правила и прописи пропратени со видео анимација и симулација за правилата и прописите за безбедно движење по кружните...
Post Views: 3
Подолг од фудбалско игралиште и до врв наполнет со хелиум, Airlander10 ќе биде најголемо летало на светот. Тој е спој на балон, авион и хеликоптер, а го дизајнираше британската дизајнерска компанија Hybrid Air Vehicles (HAV) која работи за американската војска.
Концептот на ова летало е стар еден век, а zeppelin својата популарност ја изгуби по трагедијата Hundenburg во 1937 година, кога германското летало при слетувањето се запали и усмрти 36 лица.
Ова летало повторно е редизајнирано во 21 век и HAV се надева дека на небото над Велика Британија ќе се врати во 2016 година.
“Проблемите...
Post Views: 0
Незаборавна забава и дружење под маски со хуманитарна цел. Синоќа, во хотелот „Сити Палас“ во организација на женскиот Лајонс клуб „Деница“, одбележувајќи го 1-ви април, но и роденденот на клубот, охридските деници покажаа дека овој ден не е само ден на шегата, туку дека е и ден на хуманоста. Претседателката на клубот, Лидија Тилевска, вели дека поттикнати од мотото на лајонизмот, дека човек е богат онолку колку што може да дарува и да помогне на друг, верува дека ќе придонесат да усреќат дел од нашите сограѓани кои што навистина имаат потреба од помош.
„Со самото...
Post Views: 8
Се поизвесна е изградбата на зелениот градски пазар во Охрид. Старата локација каде што во моментов се изведува пазарската дејност ќе прерасне во современ објект со сите пропратни содржини, а ќе биде изграден по светски стандарди. Како што изјави првиот човк на градот Никола Бакрачески во завршна фаза била подготовката на финалната документација, односно на одобрението за градба кое треба да биде издадено од страна на Министерството за транспорт и врски. Според него во овој момент се финализирале неколку корекции кои биле предочени од страна на стручните служби, на...
Post Views: 4
Евроинтеграцијата на Македонија во пресрет на Самитот на Европскиот совет во јуни 2013 година, како и актуелната ситуација во земјата ќе бидат централни теми на денешните средби на министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле со македонскиот државен врв.
Како што соопштија МНР и Германската амбасада во Скопје, Вeстервеле ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со заменик-престедателот на Владата за евроинтеграции Фатмир Бесими и со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Предвидено е тој да разговара и со претседателот на опозициската СДСМ...
Post Views: 1
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска денес меѓу охриѓани. Таа на заедничката средба со граѓаните уште еднаш истакна дека Македонија се наоѓа во сериозна политичка, економска и државна криза предизвикана од погрешните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ. Како резултат на тоа голем број граѓани се иселуваат од државава, се соочуваме со низок економски стандард, со медиумски мрак, изборни измами и сериозни индиции за голем криминал, рече Шеќеринска. Ваквата состојба може да се промени само со фер и демократски избори, но и овие денови може да се види дека...
Post Views: 3
Жално е во 21-от век, на само пет минути од центарот на Струга, да се живее во вакви услови коисе под сите стандарди, велат жителите од улицата „Маршал Тито“ кои се обратија до нашиот медиум за помош. Во дописот кој тие го доставија до нашиот медиум, стои дека станува збор за улица која веќе педесет години е неасфалтирана, лошо проодна и извор на постојани проблеми за сите жители.
Не мал е бројот на жителите кои живеат на овој потег. Имено, станува збор за над седумдесет семејства кои секојдневно се среќаваат со овој проблем. „Сите партии предизборно ветуваат санирање...
Post Views: 2
Пирати, пчелички, ликови од цртаните филмови и супер херои како Спајдермен, Бетмен, Зоро, Неверојатниот Хулк…Вистинско шаренило од бои, музика, песни и танц подготвија денес најмладите по повод 1ви април денот на шегата.
Некои пак посериозни со маските подготвиле маски од рециклирачки материјали кои подоцна се натпреваруваа и во изборот за најдобра маска. Не беше ниту лага, ниту шега колку имагинација употребиле малите дечиња од градинката “Јасна Ристеска” и сите клонови заедно со нивните родители за на овој ден да изгледаат навистина волшебно. Гордо...
Post Views: 1
Градоначалникот на Охрид, Дебарско-Кичевската епархија и СВР Охрид ги повикаа жителите на Лакочереј на толеранција и смиреност. Еврејската религиозна група „Лев Тахор“, која е сместена во хотел во селото не претставува опасност, ниту закана кон локалното население, уверуваат од охридската полиција.
На 6 март им истекува двонеделниот договор за сместување, потоа 37-те членови на групата, од кои 17 се деца ќе ја напуштат земјава. Ова се заклучоците од утринскиот состанок, на барање на градоначалникот Пецаков на кој присуствуваа претставници на СВР Охрид, месното население...
Post Views: 2
Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ја означи реализацијата на првиот дел од проектот за реконструкција на улиците и потпорните ѕидови во старото градско јадро . Во таа насока во употреба беше пуштена реконструираната ул „Кирил и Методи“. После 20 години, на дел од оваа улица, односно од огледалото до Горна Порта, на 450 метри легна нов асфалт, открива Бакрачески. Тој нагласи дека оваа реконструкција била предвидена со програмата на Секторот за комунален развој сообраќај и улици, на барање на жителите од овој дел и не застануваат тука.
„Веднаш потоа продолжуваме...
Post Views: 3
Привршуваат градежните зафати на реконструкција на трите градски сообраќјници Абас Емин, Јане Сандански и 15 ти Корпус. На улицата Јане Сандански изведувањето на градежните работи се одвива без проблеми.
Поставена е главната водоводна цевка и 2те секундарни линии, информира Томе Џамтоски, портпаролот на општина Охрид.
Во моментов се работи на поставување на приклучоците од домовите. Се надевам дека ќе бидат завршени градежните работи до првата недела од август кога ќе биде поставен и асфалтен слој. Работите се одвиваат по динамиката која беше предвидена и нема застој...