• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пчелички, мали слатки вештерки, пирати-најмалите од градинките го прославија Денот на шегата

Пчелички, мали слатки вештерки, пирати-најмалите од градинките го прославија Денот на шегата

Ова е само дел од шаренилото кое денес го подготвија најмладите, а по повод еден од нивните најзабавни денови, 1ви април, денот на шегата. Тие воедно пееја и песнички, рецитираа, а имаа подготвено и танцови кореографии со кои го исполнија плоштадот но и срцата на сите родители и граѓани кои беа дошле да ги видат.

 |  Мишел Наумоски  | 
denot na segata

Пирати, пчелички, ликови од цртаните филмови и супер херои како Спајдермен, Бетмен, Зоро, Неверојатниот Хулк…Вистинско шаренило од бои, музика, песни и танц подготвија денес најмладите по повод 1ви април денот на шегата.

Некои пак посериозни со маските подготвиле маски од рециклирачки материјали кои подоцна се натпреваруваа и во изборот за најдобра маска. Не беше ниту лага, ниту шега колку имагинација употребиле малите дечиња од градинката “Јасна Ристеска” и сите клонови заедно со нивните родители за на овој ден да изгледаат навистина волшебно. Гордо носејќи ги своите маски тие уште утрово продефилираа од пред централната градинка па се до градскиот плоштад каде што не само што ги покажаа своите прекрасни изработки туку ја воодушевија публиката со песничките кои ги пееја и рецитираа, но и танцовите изведби на кои напорно работеле во изминатите две недели. Според заменик градоначалникот, Ангел Јанев, детските насмевки кои денес можеа да се видат на лицата на најмалите говорат за тоа колку нив им значи денешниот настан.

maski gradinka“На многу работи не веруваме, но на ова што го гледаме и тоа како веруваме. Јас ќе кажам дека во соработка со детската градинка пред се, сите вработени, сите деца и понатаму во соработка со основните училишта имаме огромен број на деца кои што денес се дел од оваа приказна. Маските кажуваат многу повеќе од она што го кажуваат зборовите. Но и зборовите кои што ги кажуваат преку нивните песни, преку нивните изработки и преку нивната едукација кажуваат многу во овој ден, за овој ден и за оваа пригода.”-вели заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

gradinka den na segataГрадскиот плоштад денес буквално вриеше од дечиња кои беа околу петстотини на број од 4 до 6 годишна возраст како и од 2 до 10 годишна возраст од централната градинка. Бројни родители, баби и дедовци нив денес гордо ги следеа, бодрејќи ги и пеејќи ги песничките заедно со нив. Инаку маските со кои дечињата денес се претставија биле приготвени со заеднички напори на родителите и воспитно-згрижувачките тимови од градинките, дел од нив во домашна атмосфера, а дел во рамки на градинките.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top