Мај или јуни ќе отпочне да се гради пазарот во Охрид

Месец мај најдоцна до почетокот на јуни ќе отпочнат градежните работи за изградба на покриениот зелен пазар во Охрид. Такви се очекувањата на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, согласно потпишаниот договор и обврските кои произлегуваат од него, но и најавите на инвеститорот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Се поизвесна е изградбата на зелениот градски пазар во Охрид. Старата локација каде што во моментов се изведува пазарската дејност ќе прерасне во современ објект со сите пропратни содржини, а ќе биде изграден по светски стандарди. Како што изјави првиот човк на градот Никола Бакрачески во завршна фаза била подготовката на финалната документација, односно на одобрението за градба кое треба да биде издадено од страна на Министерството за транспорт и врски. Според него во овој момент се финализирале неколку корекции кои биле предочени од страна на стручните служби, на основниот проект и на архитектонско урбанистичкиот проект.

„Се надеваме дека во текот на овој месец конечно ќе биде издадено одобрението за градба, а според најавите на инвеститорот и онака како што произлегува од обврските од договорот за јавно приватно партнерство, но и од обврските кои произлегуваат од Законот за градежно земјиште и Законот за градба, инвеститорот и според неговите најави би требало веднаш после тоа да отпочне со градежните работи за изградба на покриен зелен пазар“.

Градоначалникот Бакрачески со оптимистички најави дека во месец мај или најдоцна до првата половина од месец јуни ќе отпочнат градежните работи за покриен зелен пазар, согласно потпишаниот договор и обврските кои произлегуваат од него.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top