Post Views: 6
Охрид нема ликовна градска галерија. Пред дваесеттина години градов имал ваков простор во кој биле изложени дела на врвни македонски и светски уметници, а тоа била зградата каде сега се наоѓа ОМУ „Методиј Патчев“, но му бил одземен и даден на тогашниот шаховски клуб. Одтогаш па наваму се организираат само ликовни изложби од времен карактер и тоа најчесто во двете галерии на Центарот за култура „Григор Прличев“, во куќата на Уранија и на Робевци.
Ние имаме една извонредна збирка на уметнички дела кои стојат во депоата и кои за жал никој не ги видел. Една ваква галерија...
Post Views: 0
Градоначалникот Константин Георгиески и претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев денеска на пригоден настан официјално ја пуштија во употреба комплетно реконстуираната улица „15-ти Корпус“.
Драго ми е, што како локална и централна власт целосно ја препознаваме важноста на инфраструктурата како основа за подобрување на условите за живот на граѓаните и тоа што континуирано реализираме инвестиции кои придонесуваат за развој и напредок.Охрид како туристички центар заслужува висококвалитена сообраќајна мрежа, па токму затоа во текот на изминатиот период бевме...
Post Views: 1
Локалната изнајде нов начин за работа на Јавните претпријатија во градов како истите би можеле да се одржат во добра финансиска кондиција. Во еден париод може да се видат вработени од ЈП „Гробишта“ како ставаат бекатон плочки по градов, после некое време тоа го прават вработените во ЈП „Нискоградба“, а на истата таа задача можат да се затекнат и работници од ЈП „Пазар“. Малку збунувачки како претпријатија чија основна дејност е сосема различна се занимаваат со иста работа. Но, градоначалникот Никола Бакрачески објасни дека овој нов принцип е воведен со цел обезбедување...
Post Views: 1
Охриѓани се повеќе стануваат свесни за поврзаноста на здравата исхрана, изборот на стилот на живеење и доброто здравје. Граѓаните се повеќе ги менуваат навиките во исхраната и избираат здраво да се хранат. Ккао што напомнеуваат во исхрнаат повеќе внесуваат зеленчук, овошје, риба.
Во Охрид продавницата Биокосмос е едно од продажните места каде што може да се најде голем избор на здрави прехранбени продукти, истакнува нивниот застапник Христина Шутароска. Пред една година кога стартувале со продажба на здрава храна граѓаните биле скептични, но денес навикте се менуваат.
„...
Post Views: 0
Екс универзитетскиот предавач, 40 годишниот Abu Azrael, нарекуван Ангел на смртта, стана легенда меѓу ирачките војници кои се борат против Исламската држава. Брадатиот, храбар војник, со секира и машинка во рацете, е главен лик на постерите на бригадата на Imam Ali, ирачка група на шиитската полиција која ја финансира иранската држава.
Неговата страница на социјалните мрежи има преку 250.000 следбеници. Abu Azrael сака да позира па така објавени се многу негови фотографии на кои војникот храбро чекори низ боиштата и помеѓу заробениците на Исламската држава, а особено...
Post Views: 10
Сликата кај опасното свлечиште пред платото на хотел Даљан и Извидничкиот центар во Охрид, е малку променета со првичните активности кои ги презедоа стручните екипи од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици. Но по се изгледа тоа е недоволно имајќи го во предвид фактот дека првите гости веќе тропаат на врата. Како што веќе информиравме реката Даљан сериозно го поткопува овој потег, ја нагризува асфалтираната површина создавјќи брза ерозија, пукнатини и поткопување на горниот слој од површината, и претстои опасност од лизгање на патот и сериозни проблеми по...
Post Views: 9
Каква опрема носат алпинистите на нивните планински авантури, како се викаат сите тие јажиња, клинци, посебни чевли кои тие ги носат. Ова се само дел од прашањата на кои денес добија одговор љубопитните основци од училиштата „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“. Благодарение на асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“, а во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден на здравјето, денес тие и практично можеа да видат како изгледа таа опрема, но и самите да се спуштаат по јаже во салата на ОУ „Христо Узунов“.
„Сите ученици прв пат се среќаваат со вакви вештини,...
Post Views: 43
Денеска се навршуваат 9 години од смртта на претседателот Борис Трајковски, неговите соработници и членови на екипажот.
Владиниот кингер со кој претседателот Трајковски патуваше на Меѓународна конференција во Босна и Херцеговина, се урна во атарот на селото Хусковиќи, во близина на Мостар. Остатоците од авионот и настраданите беа пронајдени 24 часа по уривањето на кингерот.
Во несреќата, покрај Трајковски, животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи,...
Post Views: 3
Изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, се причина за прекин во сообраќајот денес 7-ми април 2016 година.
Според најавите на АМСМ, сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
Post Views: 9
Блиску, но сепак, далеку од вистината. На 06.ти мај 2001 година, претседателот на М.З. Радолишта, Султан Мемети, исчезна во близина на православните гробишта на патот Ќафасан – Струга. Од тогаш, па се до денес, нема никаков абер за него. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, рече дека 10 години во континуитет, барале можност да се пронајде Мемети, но по се изгледа, напорите и на локалната и на централната се недоволни. Мерко додава дека ќе преземат порадикални мерки.
Секретарот на М.З. Вердат Колоња, рече дека нема повеќе да молчат. Тие упатија забелешка...
Post Views: 3
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 7 април 2016 година (четврток), во катедралниот храм „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска ли-тургија, по повод празникот „Свето Благовештение“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосве-штенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.
Post Views: 0
Тоа што е уништено со децении наназад, а посебно во последните 11 години од владеењето на ВМРО –ДПМНЕ, со целото мегаломанство и целата негрижа, навистина е мал периодот за да се врати се во нормала – рече премиерот Зоран Заев при денешната посета на Охрид.
Заев очекувал Охрид да биде ставен на листата загрoзени подрачја.
Одлуката ни беше најавена и мене и на градоначалниците на Охрид и на Струга, а тоа беше дека заштитата од УНЕСКО за Охрид и охридското крајбрежје ќе биде ставена во опасност, но благодарение на сите агрументи кои беа претставени од страна на...