• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Основците од „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“ се качуваа со јаже како вистински алпинисти

Основците од „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“ се качуваа со јаже како вистински алпинисти

Во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден на здравјето, асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“ организираше практична демонстрација на алпинистичките вештини и опрема, а беше прикажан и еден алпинистички филм како дел од „ЕХО“ фестивалот на планински филм.

 |  Мишел Наумоски  | 
alpinizam

Каква опрема носат алпинистите на нивните планински авантури, како се викаат сите тие јажиња, клинци, посебни чевли кои тие ги носат. Ова се само дел од прашањата на кои денес добија одговор љубопитните основци од училиштата „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“. Благодарение на асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“, а во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден на здравјето, денес тие и практично можеа да видат како изгледа таа опрема, но и самите да се спуштаат по јаже во салата на ОУ „Христо Узунов“.

alpinizam demonstracija„Сите ученици прв пат се среќаваат со вакви вештини, и за нив беше мошне интересна онаа презентација која што ја направи Антонио Додевски, претставник од алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид, беше многу поучна за учениците, дел од нив искусија и качување и користење на таа опрема. Опремата исто беше поделена и по учениците, некои прв пат допираа и се среќаваа со таква опрема, имаше многу прашања, и на крај може да се донесе заклучок дека ваква активност е навистина добредојдена за учениците бидејќи прв пат имаат искуство со тоа.“-вели Гоце Тасески од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за спорт“.

den na zdravjetoВо рамки на денешните настани се прикажуваше и еден интересен италијански филм за подвизите на група алпинисти кои се искачуваат на Мон Блан, а како дел од „ЕХО“ фестивалот на планински филм кои веќе втора година доаѓаат во Охрид.

„Мислам дека секој ќе се согласи дека е многу важно децата да бидат што е можно повеќе надвор отколку дома пред компјутер и слично. Охрид изобилува со природа, со убавини, и секогаш ни е задоволство што сме во овој град со прекрасно езеро и убава планина. И среќни сме што има голема посетеност, многу мали деца ќе имаат можност, можеби некои од нив да се инспирираат и да продолжат да работат со локалните клубови од тука.“-рече Игор Талевски-Директор на „ЕХО“ фестивал на планински филм.

Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоноски, вели дека желбата кај дечињата да поминуваат што повеќе време во природа и спортувајќи е се поочигледна.

osnovci alpinizam„Денес во нашето училишта се одржува еден голем настан за нашите ученици кој што би препорачал се повеќе да се одржуваат во училиштата бидејќи учениците се желни за вакви манифестации, вакви настани. Интересот беше многу голем, бидејќи денес беа презентирани алпинистичките спортови каде што се прикажува во нашата сала за приредби еден убав филм за алпинизмот, но секако тука беа доста интересни реквизитите со кои располагаат алпинистите и секако учесниците во тие мали алпинистички вештини кои беа одржани во нашето училиште. Еден апел до сите родители децата да ги вадат што повеќе надвор во природа, да спортуваат, за да има едно здраво тело секое наше детенце.“-изјави Симоноски.

Инаку денешната практична презентација на алпинистичката опрема како и прикажувањето на филмот за алпинизам, беа во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден на здравјето кон чие одбележување се придружи и асоцијацијата на спортови. Вчера пак во рамки интернационалниот ден на спортот беа презентирани 5 филмови на тема планинарење, качување и велосипедизам.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top