Струшката педијатрија ќе ги лекува и згрижува децата од Охрид

Post Views: 0 Струшката болница има капацитет да ги лекува и згрижува децата од Охрид. Поради недостаток на педијатри во Охрид, децата после 20 часот  медицинска помош ќе бараат во Струга. Таму има 6 специјалисти педијатри. Лекарите велат ќе направат се за децата од охридскиот регион да добиваат навремена грижа. На одделот за педијатрија во струшката болница има 18 кревети, се надеваат дека ќе биде доволно за згрижување на децата од двата градови. Имаме капацитет да го покриваме тој недостаток на охридските педијатри. Ние сме шест доктори кои поркиваме детско одделение и неонатологија....

Continue reading

Кејот на езерото се повеќе се руинира

Post Views: 1 Кејот на езерото се повеќе се руинира. На неколку места можат да се забележат пропаднати бекатон плочки и изронато цименто. Статиката на оваа најпосетувана патека од охриѓани и гостие е нарушена, велат стручните служби од Локалната па потребна е целосна реконструкција на ова шеталиште. На делови од фронтот доаѓа до попуштање и има значителни оштетувања, кои што во иднина би претставувале и опасност за минувачите. Ова е најрепрезентативниот дел од градов па треба да му се обрне посебно внимание сметаат граѓаните. Локланата уште од добивањето на мандатот пред три години...

Continue reading

Кај охриѓанец пронајдена прашкаста материја

Post Views: 0 На 24-ти јули 2021 година, во 20:10 часот на улицата „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 45-годишниот Љ.Д. од Охрид. Кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР.   

Continue reading

unesko

Излезе првиот електорнски весник „Заштита на регионот на Охридското езеро“

Post Views: 3 „Заштита на регионот на Охридското езеро“ е првиот број на електронскиот весник поддржан од Унеско, а е во  рамките на Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион. Во него ќе бидат содржани сите настани и идни активности во насока на промоција  и зајакнување на инстиуционалните капацитети во охридскиот регион  од двете страни на Охридското езеро, од македонска и од албанска страна. Весникот е издаден на три јазици македонски, албански и англиски јазик, согласно политиките на УНЕСКО. Оваа организација се залага за заштита...

Continue reading

домат

Охридските земјоделци ги прават подготвките за оранжериско садење на домат

Post Views: 1 За охридските земјоделци средината  на април е време кога се расадува домат во пластениците. Земјоделци ги прават завршните подготовки на почвата за садење во оранжериите. Ванчо Стојаноски, охридски земјодлец поборник за органското производство,  при тоа препорачува  употреба на препарати кои ќе го подобрат квалитетот на земјата. Постојат големи ризици  почвата да заболи и да се инфицира  од претходните насади од земјоделските растенија па затоа е потребна и нејзина соодветна подговотка, предупредува Стојаноски. Посочува  соодветни третмани за заштита. Наведува дека...

Continue reading

Еврото и доларот скоро израмнети

Post Views: 1 Еврото и доларот скоро се потполно изедначени (за 1 евро се добива 1,05 долари), а курсот на европската валута е најниско ниво во последните 12 години. До тоа дојде поради купувањето на државни обврзници од страна на Централната европска банка која се обидува со овој потег да го стимулира растот на стопанството во еврозоната. Имено, мнозинството на европски компании се зависни од извозот на други пазари така што европската стока станува поевтина и поконкурентна ако е еврото послабо од доларот. Печатењето на свежи пари од страна на Европската централна банка ја зголеми...

Continue reading

Во општина Охрид поднесени 3178 барања за легализација на бесправно изградени објекти

Post Views: 6   3178 барања за легализација на бесправно изградени објекти се поднесени до 31 март кој беше последниот датум од вториот рок кој им го даде Владата на граѓаните. Барањата за легализација кои биле доставени до општината до 2011година изнесуваат 11 357 или вкупно во Општина Охрид се поднесени 14 535 барања за легализација на диво изградени објекти. Оваа бројка покажува голем интерес на граѓаните за легализација на бесправно изградени објекти. Ако се споредат бројките до 2011год. и новите  ќе се види дека се зголемени за 30%, вели Томе Џамтоски-портпарол на Локалната самоуправа....

Continue reading

lagadin

Бакрачески: „Современата плажа во Лагадин ќе биде достапна и слободна за сите“

Post Views: 6 Разубавување на просторот кај Лагадин, решавање на грдата слика со колекторскиот систем на тој потег, а воедно и нудење на плажа со слободен пристап за сите граѓани и туристи, без наплатување за реквизити за одмор. Ова се благодетите кои според градоначалникот Никола Бакрачески, Охрид ќе ги добие со изградбата на плажата во Лагадин. Тој потенцира дека локалната иако директно не учествува во реализацијата на проектот, како одговорна самоуправа презеле обврска да ја следат неговата реализација во сите фази од проектот кој ќе се прави со државни пари. „Лично мое убедување,...

Continue reading

Stefan Fule

Штефан Филе доаѓа во Скопје

Post Views: 9 Еврокомесарот Штефан Филе не издржа- доаѓа утре во Скопје заедно со известувачот во ЕП, Ричард Ховит и Јижи Бусек. Целта е да направи клучен притисок околу политичката криза во земјата, за да како што најавија од Брисел, Македонија да добие позитивен извештај во април. Иако се очекуваше посетата на известувачот Ричард Ховит да се случи денеска, тој до пладнето се` уште беше во Брисел и учествуваше на состанок на НАТО за Авганистан. За утре пак беше најавено и враќање на вицепремиерот Фатмир Бесими во Брисел, за да се сретне со Стефано Санино, па ваквите збунувачки најави...

Continue reading

nasilstvo

Средношколците препознаваат, но ретко реагираат на психичкото насилство

Post Views: 0 Во образовен систем кој според многу експерти, како и голем број на професори се занемарува воспитната функција на образованието, средношколските установи со работа на класни часови и вметнување содржини во редовните часови се обидуваат да ги дискутираат темите кои се однесуваат на насилството заедно со своите ученици. Според директорката на средното општинско стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“, Славица Костоска, и покрај пребогатите наставни планови тие се обидуваат во рамки на редовната програма да ги вметнуваат поучните теми со кои училиштата мора да се занимаваат. „Наставниот...

Continue reading

borci

Да се памети, но да не се повтори

Post Views: 5 На денешен ден пред 66 години, падна најголемото зло што му се закануваше на човечкиот род. Падна фашизмот како сила, како идеологија. Затоа, ова претставува историски ден, истакнаа од сојузот на борците од Струга. Се евоцираа спомени, се зборуваше за соборците. „Кога на 9-ти мај ја слушнавме оваа вест, Охрид пламна. Целиот народ беше на улиците. Се пееше, се радувавме, ја славевме конечната победа над Фашизмот“, се сеќава Илија Балоски, борец во НОБ и комесар на 11-та Маедонска Тиквешка ударна бригада, жив сведок на овој историски настан. „Јас бев дежурен во касарната...

Continue reading

logo

Утре средба на градоначалникот Бакрачески со жителите на У.З. „7ми Ноември“ и „Даме Груев“

Post Views: 12 Градоначалникот Бакрачески продолжува со веќе добро воспоставената практика за остварување на средби со граѓаните од месните и урбаните заедници. Утре, (12.04.2016) со почеток во 15 часот ќе оствари средба со граѓаните од урбаните заедници „7ми Ноември“ и „Даме Груев“. Покрај градоначалникот на средбата ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, раководителите како и директорите на Јавните претпријатија кои директно ќе се запознаат со потребите на жителите од овие урбани заедници.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top