Да се памети, но да не се повтори

Струшките и Охридските борци, денес се потсетија на денот, кога пред 66 години ја слушнаа веста за конечната победа над Фашизмот.

 |  Крсте Голабоски  | 
borci
борци

borciНа денешен ден пред 66 години, падна најголемото зло што му се закануваше на човечкиот род. Падна фашизмот како сила, како идеологија. Затоа, ова претставува историски ден, истакнаа од сојузот на борците од Струга. Се евоцираа спомени, се зборуваше за соборците. „Кога на 9-ти мај ја слушнавме оваа вест, Охрид пламна. Целиот народ беше на улиците. Се пееше, се радувавме, ја славевме конечната победа над Фашизмот“, се сеќава Илија Балоски, борец во НОБ и комесар на 11-та Маедонска Тиквешка ударна бригада, жив сведок на овој историски настан.

„Јас бев дежурен во касарната и веста ја пренесов до градското раководство, во кое беа Кољчо Алексовски, Пере Рупе, Благој Жура, Љубен Чекреџи, а потоа го известив командантот кој беше во еден од хотелите. Настана големо славње,  по втор пат, зошто Охрид веќе беше ослободен“, се сеќава Балоски

Во тешко извојуваната слобода, животите ги загубија повеќе од 60 милиони луѓе. Од нив 24.000 биле Македонци, а 163-ца биле Стружани. Претседателот на борците од Струга, Ајредин Мемети, со неколку зборови присутните ги наврати на спомените од втората светска војна, истакнувајќи дека денешната слобода и самостојност на нашата држава не е случаен настан.

На денешен ден, во1945 година, со потпишување на безусловната капитулација на нацистичка Германија, и официјално беше ставен крај на Втората светска војна. Во неа  учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96% од тогашното светско население. Последната светска војна човештвото го чинеше повеќе од 50 милиони животи. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај. Во нацистичките логори беа убиени околу 12,5 милиони луѓе, од нив шест милиони Евреи. Материјалната штета од Втората светска војна само во Европа беше проценета на околу 260 милијарди американски долари.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top