Излезе првиот електорнски весник „Заштита на регионот на Охридското езеро“

 Излезе првиот електорнски весник  „Заштита на регионот на Охридското езеро“.

 |  Валентина Неловска  | 
unesko

„Заштита на регионот на Охридското езеро“ е првиот број на електронскиот весник поддржан од Унеско, а е во  рамките на Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион. Во него ќе бидат содржани сите настани и идни активности во насока на промоција  и зајакнување на инстиуционалните капацитети во охридскиот регион  од двете страни на Охридското езеро, од македонска и од албанска страна.

unesko

Весникот е издаден на три јазици македонски, албански и англиски јазик, согласно политиките на УНЕСКО. Оваа организација се залага за заштита на наследството на охридскиот регион преку зајакнување на институционалните капацитети, развивање на мерки за негова одржливост и промоција,  како и вклучување на подготвките за приклучување на  албанската страна на регионот под заштита на УНЕСКО.

Весникот „Заштита на регионот на Охридското езеро“ во следното издание ќе се посвети на туризмот во Струга и Дебарца и на активностите со  кампањата за одговорно управување со отпадот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top