Post Views: 1
Повторно ударни дупки на коловозот на улиците „Абас Емин“ и „7ми Ноември“ Овие две улици кои важат за едни од најфреквентните во градов, пред само околу половина година го добија последното санирање на оштетувањата со асфалт, а пред тоа со бекатон плочки. Деновиве ситуацијата како пресликана од пред шест месеци. Оштетувањето на една од најдолгите улици во градов, „Абас Емин“ на дел од коловозот отишло дотолку што се гледаат сите претходни слоеви на асфалт, а од под асфалтот веќе се гледа и старата калдрма со која улицата некогаш била поплочена. Ги запрашавме граѓаните...
Post Views: 15
Денес започнаа градежните зафати за демонтирање на овој мост. Уште во раните утрински часови, екипите на ЈП. „Комунално“ започнаа со отстранување на металните огради од мостот, за да подоцна започнат и со отстранување на неговите дрвени елементи. Инаку, овој мост повеќе од година дена беше навидум затворен за минувачите поради опасност, за да конечно дојде ред и за негова реконструкција и санација.
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко неодамна информира дека решавањето на овој инфраструктурен проблем е на агендата, а дека се чекало само на избор на изведувач. Вчерашниот...
Post Views: 5
Акушерството е благородна професија која се грижи за здравјето на мајката и за новородениот живот на бебето. Во охридската болница на одделот за гинекологија има 30 акушерки. Станува збор з а професионален тим кој ја работи со огромна љубов оваа професија, напоменува од името на своите колешки сестра Наташа Лолеска. Пред се работи мајчинскиот инскинкт кај сите нас , а при тоа чувството да се донесе на свет еден мал беспомошен живот е прекрасно, открива Лолеска.
„ Работата е сложена. Тука кај нас се доаѓа за убави моменти, за радост. Ние сме професиоанлен тим во...
Post Views: 2
Полицијата во хрватскиот град Пула уапсила 61-годишна жена која преку СМС пораки се заканувала дека ќе ги убие членовите на Националниот штаб за цивилна заштита. Истражен судија, според соопштението на полицијата, на жената и изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.
Полициски службеници утврдиле дека жената на 17 ноември испратила заканувачка СМС порака на мобилниот број на член на хрватскиот штаб за цивилна заштита во Хрватска. Во кривичната истрага, утврдено е дека освен таа заканувачка порака, осомничената, незадоволна од решенијата на Националниот штаб за цивилна...
Post Views: 26
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека во недела на 8-ми мај 2016 година, во црквата „Св.Никола“ – Долна влашка мала во Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Томина недела“ со почеток во 8.45 часот.
Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има и во останатите парохиски цркви.
Post Views: 0
На денешен ден во 916 година, во Охрид се упокоил Свети Климент Охридски, средновековен писател и педагог, патрон на градот Охрид и на Македонската православна црква (МПЦ-ОА).
Тој бил средновековен писател и педагог, ученик на светите Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа, прв словенски епископ во Македонија и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.
Голема етичка сила за нас во Македонија треба да имаат пораките на свети Климент Охридски. Етичките норми што тој ги искажа треба се база за нашата етика, тие не учат на најдоброто...
Post Views: 1
Во знак на протест поради состојбите на државата, активистите и поддржувачи на Граѓанската иницијатива „Протестирам“, по велигденската пауза, за денес повторно најавија протести во Охрид.
Охриѓани уште еднаш ќе го изразат незадоволството од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на одредени политичари, а бараат и негова оставка и повлекување на одлуката. Од „Протестирам“ остануваат на ставот дека нема услови за одржување фер и демократски избори на 5-ти јуни.
Протестот ќе започне во 18:00 часот на плоштадот „Крушевска република“, кај стариот Чинар.
До овој...
Post Views: 0
„Обука за контрола на возилата во сообраќајот“ е темата на дводневниот семинар што денес и утре се одржува во Охрид. Во рамките на обуката ќе бидат изведени низа теми за правилен избор на места за контрола на брзината на движење на возилата, контрола со полициски возила, користење на технички средства, користење на таканаречени пресретнувачи како и други точки од работењето на сообраќајната полиција. Денес полициските службеници од охридската полициска станица имаа показна вежба. Целта е да се подигне нивото на професионалноста на полициските службеници во извршување...
Post Views: 0
Авионот Airbus A320 на нискобуџетната германска компанија Germanwings, кој во понеделникот се урна во француските Алпи при што загинаа 150 патници и членови на екипажот, имал технички проблем со вратата која ги затвора предните тркала, потврдил портпаролот на Lufthansa.
Проблемот бил поврзан со отворот, односно механизмот кој се отвора и затвора во моментот кога се вклучува уредот за слетување. Авионот во понеделникот бил цел ден приземјен во Диселдорф, а портпаролот на Lufthansa изјавил за агенцијата DPA дека проблемот бил решен.
Полека излегуваат во јавноста и детали...
Post Views: 11
ФТУ започна со својата промоција пред матурантите. Оваа високообразовна институција им ги презентира можностите на своите потенцијални студенти кои можат да се запишат на шест студиски програми. Во секое средно училиште настапуваат со различна програма со која ги мотивираат средношколците да се запишат токму на овој факултет. Во средното угостителско училиште ги промовираат насоките туризам и гастрономија, во пограничните области ја промовираат насоката царина и шпедиција, во средното економско училиште насоката осигурување, а во гимназиските паралелки менаџмент и...
Post Views: 0
Над 60 ученици од основните охридски државни училишта, а за прв пат и шест ученици од приватнот колеџ Јахија Кемал, на натпреварот Детски семафор ги покажаа своите теоретски знаења од сообраќајот и вештини во возење велосипед. Оваа едукативна акција ја реализира Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и има за цел да се влијае врз подигање на културата кај најмладите учесници во сообраќајот. Натпреварот Детски семафор е поддржан од Локалната самоуправа.
„ Локалната самоуправа секоја година обезбедува велосипед за прво наградените и заштитни велеосипедски...
Post Views: 8
Во официјална посета на Македонија денеска престојува делегација на државната Дума на Руската Федерација.
Во официјална посета на Македонија денеска престојува делегација на државната Дума на Руската Федерација, чии членови ќе имаат средба со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а потоа и со претседателот на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Руската федерација и членовите.
Во рамки на посетата ќе се одржи презентација на изданието „Руска Реч“.
{loadposition content9}