Во Охрид се одржа Детски семафор општински натпревар во сообраќај

Во Охрид се одржа Детски семафор општински натпревар во сообраќај.

 |  Валентина Неловска  | 
дс

Над 60 ученици од основните охридски државни училишта, а за прв пат и шест ученици од приватнот колеџ Јахија Кемал,  на натпреварот Детски семафор ги покажаа своите теоретски знаења од сообраќајот и вештини во возење велосипед. Оваа едукативна акција ја реализира  Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот  и има за цел да се влијае врз подигање на културата кај најмладите учесници во сообраќајот. Натпреварот Детски семафор е поддржан од Локалната самоуправа.

дс

„ Локалната самоуправа секоја година обезбедува велосипед за прво наградените и заштитни велеосипедски кациги. Наградите се скромни но ја испраќаат пораката дека треба да бидеме дел од приказната. Подобро е да има илајда акции, а ниеден сообраќаен прекршок или незгода со последици кој не се добри ни за нас ни за децата“, истакна заменикот градоначалник Ангел Јанев.

Овој едукативен натпревар со охридските основци е зацртан во работата  на Општинскиот совет,  за  учениците да ги почитуваат правилата во собраќајот и при тоа да  се заштитат себе си и останатите  учесници во сообраќајот.

 

дс„ Сметам дека ова е еден начин да се влијае врз осознавање на сообраќајните  правила и прописи, почитување на вертикалната и хоризонталната  сообраќајна сигнализација за младите да се движат безбедно во сообраќајот“, напомена Сетфан Димсоки  претседател на општискиот совет  за безбедност во сообраќајот.   

Статистичките податоци од Републичкиот совет за заштита во сообраќајот ги покажуваат фаталните случаи на сообраќајните несреќи во Охрид. Во последните три години, бројките покажуваат дека во 2013 година имало најголем број сообраќајни несреќи кои звршиле со 198 жртви. Во 2014 тој број бил 160, а минатата година бројот на настраданите бил 170.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top