Реализирана показна вежба за полициските службеници од охридската полициска станица

 Реализирана  показна вежба за полициските службеници од охридската полициска станица.

 |  Валентина Неловска  | 
policija

 

„Обука за контрола на возилата во  сообраќајот“ е темата на дводневниот семинар што денес и утре се одржува во Охрид. Во рамките на обуката ќе бидат изведени низа теми за правилен избор на места за контрола на брзината на движење на возилата, контрола со полициски возила, користење на технички средства, користење на таканаречени пресретнувачи како и други точки од работењето на сообраќајната полиција. Денес полициските службеници од охридската полициска станица  имаа показна вежба. Целта е да се подигне нивото на професионалноста на полициските службеници во извршување на нивните задачи, информира  Стефан Димоски портапролот на СВР.

policija„ Посебно ќе се стави акцент на тренинг на полициските службеници на престретнување на возила и ќе бидат искористени технички средства „ежеви“ кои  се применуваат во посебни безбдносни околности. Од тие причнини оваа вежба ќе биде спроведувана од внатрешни инструктори од министерството и надворешни лица странски колеги кои работат  на безбедносни проблеми“, истакна Димоски.
 Целта на оваа дводневна обука е натамошна професионализација на полициските службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и усовршување при преземањето на полициските овластувања на терен.  Со денешната обука беа опфатени полициските службеници од  безбедност во патниот сообраќај од охридската полициска станица, информира Димоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top