ФТУ започна со својата промоција пред матурантите

Зошто да се запишете на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид? Оваа високообразовна институција започна со својата промоција пред матурантите. Од овој факултет очекуваат и оваа година да се запишат околу 300 студенти.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

ФТУ започна со својата промоција пред матурантите. Оваа високообразовна институција им ги презентира можностите на своите потенцијални студенти кои можат да се запишат на шест студиски програми. Во секое средно училиште настапуваат со различна програма со која ги мотивираат средношколците да се запишат токму на овој факултет. Во средното угостителско училиште ги промовираат насоките туризам и гастрономија, во пограничните области ја промовираат насоката царина и шпедиција, во средното економско училиште насоката осигурување, а во гимназиските паралелки менаџмент и насоките кои се од општествениот сектор.

Очекувамме и оваа година да има голем интерес за студиските програми кои ги нудиме. Според она што го имаме како искуствово последните години запишуваме околу 30 студенти на сите студиски програми на ФТУ, вели Д-р Цветко Андреески- декан на ФТУ.

Квотите за бројот на студенти кои ќе се запишат на нашите факултети сеуште не се објавени од страна на Министерството за образование. Штом се обзнанат во службен весник и се објави конкурс и на ФТУ ќе знаат точно колку студенти ќе можат да запишат во нареднава студиска година во државна квота, колку со самофинансирање и колку вонредни. Деканот на ФТУ вели дека овој факултет нуди широки можности за студентите и при самиот процес на образование, но и по завршувањето на студиите.

Можностите за нашите студенти ги отвараме уште во текот на нивното студирање. Покрај што нудиме практиччна настава каде добиваат практични знаења дел од студентите имаат можност да бидат ангажирани во институциите каде ја изведуваат практичната настава. Такви примери досега имаме многу, вели Д-р Андреески.

Друга можност што им ја дава ФТУ на студентите е работа во странство  во познати ресорти во Грција, Франција, САД. Тоа е добо бидејќи можат да видат како се работи и по кои принципи во остамнатите земји, вели деканот. Дел од студентите остануваат таму, а дел се враќаат во државава да ги применат своите искуства.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top