Post Views: 8
Охридските ракометари утре ќе се соочат со тимот на Работнички во 5-тата рунда од плејофот во Супер лигата. После поразите со Макс Струмица и Прилеп ова ќе биде можност нашите ракометари да си ја вратат самодовербата и да се закитат со победа освојувајќи го првиот бод во плејофот.
После двата неочакувани порази од Макс Струмица и Прилеп против Работнички немаме право за грешка. Не треба да се навраќаме на мечевите со Струмица и Прилеп, но мора да извлечеме позитивни поуки. Очекувам победа со Работнички и дека од овој натпревар ќе почнеме да играме онака како што знаеме....
Post Views: 0
Носителот на петтата изборна едница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денес се сретна со стопанствениците од овој град. На средбата Милошоски потенцира дека главниот проект кој е важен за стопанствениците е понатамошното растеретување на даночните издатоци за микро претпијатијата. Станува збор за ослободување од данок на претпријатијата кои остваруваат ГП помал од 3 милиони денари. Можност за поголема акумулација на нивните инвестиции и подобра работа во иднина, истакна Милошоски. Тој додаде дека развојот на туризмот во никој случај нема да биде запоставен.
Исто...
Post Views: 2
СВР Охрид денес го одбележа Денот на полицијата и денот на безбедноста, 7 ми Мај. Свеченоста се оджа во нивните простории во присуство на ученици, претставници на Локалната самоуправа, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, соработници. Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека имаат добра соработка со СВР Охрид, посебно во делот за превенцијата за најмладите.
„Се надевам дека оваа соработка и во периодот што следи ќе продолжи и ќе се прошири се разбира на задоволство на сите нас, бидејќи на почетокот и на крајот од секоја приказна...
Post Views: 8
Директорка на ООУ „Св. Климент Охридски“-Охрид, Наташа Танеска, денеска на прес конференција кажа дека просветните инспектори не утврдиле неправилности во нејзиното работење. Танеска која воедно е и Претседателката на форум на жени на ОО СДСМ Охри обвини дека новата локална власт врши притисок врз директорите на основните и средните училишта.
По направен вонреден инспекциски надзор од Државен просветен инспекторат во ООУ „Св Климент Охридски “ Охрид, не се најдени никакви нерегуларности во работењето на раководниот орган односно директорот – кажа Танеска.
Таа потенцира...
Post Views: 1
Започна изградбата на ботаничката градина на ФТУ. Ова е дел од проектот Вотернет во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која е одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ добил околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра ќе бидат употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра ќе бидат наменети за изградба на ботаничката градина.
Добивме одобрение од општината дека може да се гради. Темелите се веќе поставени , во тек објавувањето на тендерите за најдобар...
Post Views: 0
Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на...
Post Views: 0
Почна големата акција на рсчистување на НП „Галичица“ во должина од 13 км, пред големиот Балкански самит „Adventure next balkans“. Голем број активисти, вљубеници во природата, како и учениците од ОУ „Христо Узунов“ излегоа да ја поддржат оваа акција бидејќи како што и самите кажаа балканскит бисер во пресрет на летната туристичка сезона треба да биде беспрекорно чист.
„Овде сме за да ја исчистиме „Галичица“, на местата каде што очекуваме туристи, тоа е нашата професионална мотивација, мислиме дека овие дестинации мора да бидат чисти, за да може да ги продаваме. Мојата...
Post Views: 1
Еден и пол милиони луѓе живеат и зависат реката Црн Дрим. Затоа треба да се работи на подигнување на јавната свест на локалните заедница за значението на овој природен ресурс како потенцијал за хидро енергија, риболов и останато. Вчера во срцето на реката Црн Дрим, нејзините извори на познатото Острово во Св Наум, активистите на ЕД „Грашница“ организираа целодневен настан за одбележување на 5 ти мај денот на реката Црн Дрим. Како што истакна Ѓоко Зороски целта е да се укаже на сите трендови кои се однесуваат на загадувањето на Охридското Езеро и Црниот Дрим и влијанието...
Post Views: 2
Само благодарение на краткорочните задолжувања од ентитети од јавниот сектор, Грција без помош може да издржи само до 20-ти април, изјавил за Reuters неименуван извор.
Германскиот весник Frankfurter Algemeine Zeitung објави дека грчката влада има пари за исплата на плати и пензии само за уште две недели, односно до 8-ми април, а тогаш влегуваат во критична фаза.
Спрема овие предвидувања, Грција до 20-ти април може да остане без пари, а во прилог не е ниту фактот дека на 9-ти април доаѓа наплата од 465 милиони евра кредит кај Меѓународниот монетарен фонд, кој со големи...
Post Views: 8
Под мотото „Биди хуман, спаси живот“, овој вотрник 10-ти мај, во просториите на „ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО“, во Oхрид ќе се одржи крводарителска акција.
Акцијата започнува во 10 часот и ќе трае се до 14 часот, па така охриѓани ќе имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело.Овој хуман настан е организиран од страна на О.О. на Црвениот крст од Охрид.
Post Views: 0
Со песна и игра најмали дечиња од мултикултурната градинка Росица на полицајците им го честитаа денот на бебеднсоат и полицијата 7 мај. Децата играа и пееја пригодни песни на македонски, турски и алабански јазик. Трета година по ред во грaдинката Јасна Ристеска се реализира проектот Мојот пријател полицаец, а на гости им доѓаат полициски службеници.
„На ваков начин успеавме кај децата да формираме навики за безбедно живеење и чување на сопствениот живот и здравје и со помош на нашите пријатели полицајци кои се присутни во градинката, а децата ги посетуваат нивните...
Post Views: 53
Утрово избил пожар во една од бараките на Факултет за физичка култура, кој е лоциран на 30 метра од зградите на МВР.
Најверојатно огнот избувнал од запалена корпа за отпадоци кој набрзо се проширил. Во пожарот за среќа нема повредени, а предизвикана е само материјална штета.
Од скопската противпожарна единица велат дека вработените навреме реагирале со противпожарни апарати и ја изгаснале опожарената барака. Бараката во која избил пожарот била употребувана од администрацијата на факултетот.
{loadposition content9}