Трибина за евроинтеграции и средба со стопанствениците од Струга

Средба со стопанствениците и трибина за евроинтеграциите, темите за кои најмногу се дискутираше на средбата со носителот на листата од оваа партија.

 |   | 

Носителот на петтата изборна едница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,  Антонио Милошоски денес се сретна со стопанствениците од овој град. На средбата Милошоски потенцира дека главниот проект кој е важен за стопанствениците е понатамошното растеретување на даночните издатоци за микро претпијатијата.
Станува збор за ослободување од данок на претпријатијата кои остваруваат ГП помал од 3 милиони денари. Можност за поголема акумулација на нивните инвестиции и подобра работа во иднина, истакна Милошоски. Тој додаде дека развојот на туризмот во никој случај нема да биде запоставен.

Исто така беше одржана и трибина во врска со евринтеграциите и за насоката по која Република Македонија ќе се движи во овој процес. Во врска секогаш актуелниот проблем за името со нашиот јужен сосед, Милошоски потенцира дека голем број можности за негово решавање беа пропуштени поради ригидниот став на Република Грција. Како пример го посочи нивното отфрлање на македонската иницијатива пред самитот во Букурешт.

Милошоски додаде дека и грчката страна е свесна за апсурдноста на проблемот кој го наметнаа, само проади внатрешно-политичка употреба, а доказ за тоа се и последните изјави на нивни високи политички субјекти како онаа на Заменик Премиерот Пангалос, дека Грција е свесна за тоа дека нашата држава никогаш не претставувала територијална закана, смешно тврдење пласирано во нивните политички кругови во последните десет години, додаде кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Милошоски го истакна и поголемиот интерес на генералниот секретар на О.Н. Бан Ки Мун за негов поголем ангажман во решавањето на спорот со името. После изборите, расположени сме дијалогот да продолжи само со аргументи, а не со сила, додаде за крај Милошоски.

Од активностите на оваа партија, денес во посета на образовниот центар „Пи-СИ“ беше и Министерот за Информатичко општество, Иво Ивановски, додека претседателот на О.К. на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Атанаско Михаилов се обрати до новинарите за  санирањето на штетите кои беа направени при одржувањето на митингот врз цветниот парк на градскиот плоштад.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top