Post Views: 4
Во рамки на одбележувањето на 8 мај Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст од 8-15 мај, покрај бројните активности на волонтерите на Црвен крст Охрид кои под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“ ја промовираа хуманоста и солидарноста, нашата организација на сите 17 новороденчиња, колку што се родија во текот на Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), на Гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид и на нивните мајки им додели пригодни и корисни подароци со желба нивните деца родени во неделата на хуманоста, да израснат во здрави, хумани и достоинствени...
Post Views: 4
Коктелот Еден бисер се повеќе баран од гостите. Овој коктел кој пред нова година беше промовиран како автентичен охридски туристички производ си го најде патот до потрошувачите. Неговиот специфичен вкус на вотка со шмек на ванила и сируп од тропското овошје маракуја, неговата тиркизно сина боја и лажицата со оргинален охридски бисер која после останува за тој што го конзумирал пијалокот, се доволна причина тој се почесто да се нарачува од гостите.
Самите охриѓани зимскиот период многу го бараа овој коктел . Изненадувачки е што последниов месец групи на странски туристи ...
Post Views: 1
Централната манифестација ќе се одржи во Скопје сити мол во организација на здружението „Во мојот свет“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.
Децата, заедно со поддржувачите на кампањата, ќе составуваат сложувалка со боите на аутизмот, а ќе биде приредена и музичка програма.
Целта е да се придонесе за подобрување на условите за живот на оваа ранлива група граѓани.
По повод Меѓународниот ден, делегација на Македонското научно здружение за аутизам и семејства кои имаат деца со аутизам ќе го посетат претседателот на Република...
Post Views: 0
Годишно во земјава се трошат 40 милиони килограми пилешко месо или по глава на жител потрошувачката на пилешко достигнува од 15 до 20 килограми. Јадеме увозно пилешко месо, нема домашни фарми за производство на живина. Дел од таа увозна количина е наменета за потрошувачите, но се користи и за месната преработувачка индустрија и за угостителските објекти. Потрошувачката на сите меса вклучувајќи го и пилешкото е помала кај нас во однос на западно европските земји, а тоа е резултат на отсуството на домашно производство на живина, напоменува Драгослав Коцески професор...
Post Views: 2
Немој да ја палите шумата и внимателно ракувајте со оган на отворени површини. Ова е јавен апел на Противпожарниот Сојуз на Струга и на Македонија, по повод одбележувањето на 175 годишнината на организирана противпожарна заштита. Командирот на противпожарната единица Урим Крека, напомена дека превенцијата од пожари е една од најважните задачи на делување на јавната свест кај населението и дека неговата единица досега успешно се справува со пожарите во струшкиот регион.
Крека се пожали на соработката со општинската администрација. Тој рече дека таа е на ниско ниво, поради...
Post Views: 9
Достапноста со возила до атрактивните плажи Кубалибре, Кадмо и Бела Виста, од годинава ќе биде со обезбеден паркиниг. Станува збор за сеуште неуредениот простор наспроти Центарот за обука на вода на АРМ, покрај патеката која води до плажите. Директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев за годинава има планови во врска со овој простор, бидејќи е во нивно владение.
„Ние сеуште немаме започнато со стопанисување, односно со наплаќање за паркинг услуги, прво ќе следи уредување на тој дел, веднаш потоа во летниот период ќе стопанисуваме, односно ќе вршиме наплата за...
Post Views: 2
Политичката криза во земјава има влијание на претстојната туристичката сезона. Тоа се погласно се слуша од претставниците на хотелскиот сектор на охридско – струшкото крајбрежје, кои коментираат дека не само што е намален бројот на резервации од странски гости туку има и откажување на аранжмани. Директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Лела Крстевска, не негира за таквата состојба, но убедува дека има минимално откажување на резервациите.
„Точно се чуствува мало намалување на букинзите, но она што на терен го видовме во Охрид е дека охриѓани се...
Post Views: 13
На 27.07.2021 во СВР Охрид, приведен е М.П.(24) од Прилеп кај кого во Авто кампот „Градиште” во Охрид, пронајдена е марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”. При контрола извршена на 06.07.2021 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.
Поради...
Post Views: 2
Би сакале да информираме дека на покана на проф. Јос Верховен, претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници од областа блатни екосистеми (Society of Wetland Scientists, European Chapter), претставници на Охрид ЅОЅ ќе земат учество на 11-тата годишна конференција која се одржува од 17 до 20 Мај во Потсдам, Германија.
Овогодинешната тема на конференцијата е поврзаноста помеѓу блатните екосистеми и општеството. Ќе бидат опфатени повеќе аспекти на темата како: пренос на знаење, конфликти при конзервација (хармонизација на функцијата на блатните екосистеми...
Post Views: 3
Во организација на граѓанското движење „Протестирам“ денеска во Охрид по седми пат ќе се организира мирен протест.
Протестот ќе биде со почеток во 18:30 часот на плоштадот „Чинар“. Граѓаните ќе го изразат своето незадоволство од одлуката за аболиција и одлуката за нерегуларни избори на 5-ти јуни.
Граѓанското движење „Протестирам“ организира протести и во останатите градови во Република Македонија.
Post Views: 2
Завршена е истрагата за имотот на Јанез Јанша, неговата сопруга, Уршка Бачовник, неговиот брат Рајко Јанша, банкарската службеничка Наташа Пајенк, која е роднина на сопругата на Јанша, и во меѓувреме починатиот Јоже Загожен, кој беше некогашен застапник во парламентот. Истрагата сугерира дека се собрани доволно докази за подигнување на обвинение, а постои втемелено сомнение дека дел од имотот на Јанша е финансиран од незаконски извори, наведува љубљанскиот весник Dnevnik.
Државното обвинителство потврдило дека своите наоди ќе ги приложи до Јанша и останатите кои биле...
Post Views: 8
На потегот после превојот „Буково“, се врши асфалтирање на коловозот, активности кои се дел од реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Ресен-Буково со должина од 27 километри.
Инвестицијата е вредна 6 милиони евра и планирано е да биде готова во септември.
Паралелно се работи на патот од Ресен кон Битола со што до крајот на годината ќе бидат рехабилитирани и санирани овие 27 километри. Реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Ресен-превој Буково ја вршат градежните компании „Гранит“ и „Илинден“.