Јадеме увозно пилешко месо, нема домашни фарми за производство на живина

 Јадеме увозно пилешко месо, нема домашни фарми за  производство на живина.

 |  Валентина Неловска  | 
pilesko

Годишно во земјава се трошат 40 милиони килограми  пилешко месо или по глава на жител потрошувачката на пилешко достигнува од 15 до 20 килограми.   Јадеме  увозно пилешко месо, нема домашни фарми за  производство на живина. Дел од таа увозна количина е наменета за потрошувачите, но се користи и за месната преработувачка индустрија и за угостителските објекти. Потрошувачката на сите  меса вклучувајќи го и пилешкото е помала кај нас во однос на западно европските земји, а тоа е резултат на отсуството на домашно  производство на живина, напоменува Драгослав Коцески професор по живинарство на факултет за земјоделски науки и храна во Скопје. Професорот појаснува зошто досега не успеавме како земја да создадеме домашно производство на  живинско месо.
pile

„Не функционираат живинарските фарми затоа што ништо не може да функционира само по себе. Тие се дел од еден синџир на прозиводство. Како и во се друго во производството и тука постои синџир. Производството на живинско месо најчесто се споредува со автомобилската индустрија. Ако нема производители кооперанти на мали ситни делови кои влегуваат во автомобилот не може да се обебеди  системот на производство и затоа треба организација  и логистика  на сите чинители во тој систем за да се свесни за своето постоење и дека се само една алка во тој ланец. За жал никогаш не успеaвме да изградиме синџир за да се бори со останатите производители“, вели професор Коцевски.   

pilesko

Во Европската унија пак производството на пилешкото месо е 100 тони годишно. Во наредните години се планира негово зголемување за 25 проценти. Професор Јоцо Тарбук од словенскиот  најголем производител на живина „Перутнина“ Птуј информира дека правната регулатива за производство на пилешко месо во европката унија е многу строга и најдобро уредена во светот. Тие имаат и Халал стандард за земјите узвознички од арапскиот  свет. Како производители ги почитуваат стандардите и  гарантираат квалитетно месо на пазарот. Имаат постојан мониторинг од  надлежните, а присутен е и стравот од губење на добиената референца која може негативно да се одрази врз пазарот, напоменува професор Тарбук.

„Сите нивни стандарди во производството се високи. Од произвдоството и  околината, до посебни мерки кои се воведуваат во процесот на производството според мониторингот за кој се издаваат сертификати на компанијата. Доаѓаат во текот на годината ненајавено и според  тие сертификати мора да покажеме  дека ги почитуваме  во производството , па според тоа се продолжува на една година“, посочува професорот Тарбук.     

Пилешкото е едно од најконзумираните  меса на светско ниво. Нема религиозни бариери, финансиски е достапно, брзо се подготвува и е препорачливо од здравствен аспект. Неговата  потршувачка се зголемува и се очекува за 3 децении да стане замена за прехрана на населението во светот  кое ќе се зголеми на 9 милјарди.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top